Папата Фрањо и претседателката на Малта разговараа за појавата на миграцијата, развојната соработка и меѓурелигискиот дијалог
Папата Фрањо на 21 март 2019 година во аудеинција ја прими Марие Луис Колеиро Прека, претседателка на Малта, која после тоа се сретна со Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин и потсекретарот за односи со државите, монс. Антоан Камилери.
Во срдечниот разговор се истакната и конструктивните односи кои ги поврзуваат Светиот Престол и Република Малта, како и соработката помеѓу Црквата и државата во полза на човечкиот, општествениот, културниот и духовниот напредок на народот, посебно на младите, во светло на повеќевековниот придонес на Католичката црква кон таа земја.
Во разговорот станало збор и за теми од заедничкиот интерес како што се појавата на миграцијата, развојната соработка и меѓурелигискиот дијалог со посебен осврт на изгледите за европската интеграција и на состојбата на подрачјето на Медитеранот.
Ватикан њуз/к.мк