Папата Фрањо ги прими во аудиенција учесниците на меѓународната конференција насловена „Црква, музика, интерперетатори: Неопходен дијалог“, која се одржа од 7 до 9 ноември 2019 година, а во организација на Папскиот совет за култура во соработка со Папскиот Институт за црковна музика и Литургискиот Институт на Папскиот универзитет свети Анселмо.
Обидете се секогаш да бидете подобри толкувачи на Евангелието – поттикна папата Фрањо, примајќи ги во аудиенција учесниците на меѓународната конференција насловена „Црква, музика, интерперетатори: Неопходен дијалог“. Постои паралелизам помеѓу интерпретаторот и проучувачите на Библијата – рече Папата и потсети дека интерпретатор е оној кој посебно на подрачјето на музиката го пренесува сопствениот дух она што композиторот го напишал да звучи убаво и уметнички совршено. Добриот интерпретатор пред уметничкиот дел кој не му припаѓа покренува голема понизност
Музичкиот интерпретатор има многу заедничко со проучувачот на Библијата, со читателот на Словото Божјо; во поширока смисла со оние кои се обидуваат да ги протолкуваат знаците на времето; и уште поопшто со оние кои, а тоа би морало да бидеме сите, го прифаќаат и слушаат другиот во искрен дијалог – рече Светиот Отец и објасни: Имено, секој христијанин во сопствениот живот е толкувач на Божјата волја и со неа радосно пее на Бог химни на пофалби и благодарност.
Папата Фрањо потсети посебно на она што го рече светиот папа Павле VI на 7 мај 1964 година, за време на историската средба со уметниците: Нашата служба е проповедање и помагање, за духовниот свет на Бог, невидлив и неискажлив да биде пристапен и разбирлив, уште повеќе допирлив. И во тој дел кој поминува низ невидливиот свет во пристапни и разбирливи облици вие сте мајстори. Таа е вашата работа и посланието; вашата уметност е токму тоа да се сфати со помош на духот и неговото богатство и да се облече во зборови, бои, облици и пристапност.
Откако потсети на тие зборови на светиот папа Павле VI, Папата истакна дека толкувачот, како уметник изразува „неповторливо“ користејќи зборови и материја која ги надминува поимите. Тогаш се воспоставува дијалог помеѓу композиторот, делата и интерпретаторот. Важно е да се толкува реалноста Божја. Уметниците, интерпретаторите и во случај на музиката, слушателите ја имаат истата желба: Да разберат како убавината, музиката и уметноста ни овозможуваат да ја запознаеме Божјата реалност. Можеби никогаш како во нашето време, тоа не било толку потребно на мажите и жените. Важно е за денешниот свет да се толкува таа реалност.
Третата меѓународна конференција „Црква, музика, интерпретатори: Неопходен дијалог“, го организира Папскиот совет за култура во соработка со Папскиот институт за црковна музика и Литургискиот Институт на Папскиот универзитет свети Анселмо. Првиот дел од работата започна на 7 ноември во Ватикан и беше посветен на значењето на толкувањето на црковната музика. На вториот ден излагањата ги продлабочија димензиите поврзани со употребата на гласот, коралноста односот кон зборовите и звукот во црковната музика. На последниот ден од конференцијата пред средбата со папата Фрањо разменуваа увиди и размислувања за односот на музиката и интеркултуралноста.
Ватикан њуз/к.мк