Папата Фрањо прими повеќе од 6.000 членови на големото семејство на педијатријската болница „Бамбино Џезу“ на 16 ноември; лекари, болничари, волонтери, пациенти и нивните семејства, по повод 150. годишнината од основањето на Папската болница.
Основањето на институцијата е поврзано со интуиција и подарок – рече Папата, посочувајќи: Интуицијата и беше дадена на една жена, Арабела Салвијати, која живееше во плоден период на католичка социјална работа. Тоа е подарок од дарежливо семејство кое направи гест на огромна чувствителност кон децата ширум светот. Ова семе тогаш се развило надвор од Рим, а денес е педијатријската болница „Бамбино Џезу“ наследство на меѓународната заедница.
Потсетувајќи се на пораката избрана за 150. годишнината: „Иднината е работа на децата“, Светиот Отец истакна дека да се биде со деца значи да учиш како да ја следиш иднината. Поминаа 150 години од основањето на оваа болница, која сè уште е насочена кон иднината. Нејзиниот вистински идентитет е морален авторитет на болни и страдални деца кои доаѓаат од многу земји.
И благодарам на болницата за отвореноста кон светот, за решеноста да ги преземе страдањата на децата – рече папата Фрањо и продолжи: Знам дека тоа бара големи средства и им се заблагодарувам на сите што великодушно придонесуваат со нивните донации во фондацијата „Бамбино Џезу“.Се надевам дека меѓународните институции ќе најдат начин за понатамошно промовирање на здравствените коридори, очекувајќи капацитет да одговорат на основните потреби на здравјето на децата во секоја земја.
Секогаш бидете свесни дека Бог ги благослови вашите раце – рече Папата, додавајќи: Вашата способност за лекување е подарок за вас и за лицата кои ви се доверени. Во исто време, не занемарувајте го вашиот професионален придонес и ревност за зачувување на посебноста на таа институција. Сите треба да се заземете така што болницата и понатаму би продолжила да ја покажува посебната љубов кон децата, давајќи им евангелско сведоштво во согласност со она што го учи Црквата.
Нема лек без истражување – рече Светиот Отец и истакна: Нема иднина без истражување. Во оваа смисла, болницата „Бамбино Џезу“ гледа кон иднината со важни резултати во областа на дијагностицирање на ретки болести и третман на сериозни болести и развој на прецизни терапии. Се восхитувам со колку ентузијазам третирате и истражувате и би сакал никогаш да не ја изгубите можноста да идентификувате дете кое страда и да го слушнете плачот на родителите зад примерокот за анализа во вашите лаборатории. Не дозволувајте тајната на страдањата на децата да престане да и говори на вашата совест и да ве мотивира хумано и професионално.
Препорачливо е да продолжите да го нудите најдобриот третман на секој пациент во наредните години и никој да не е одбиен. Вашите активности бараат ресурси и соодветен простор. Потребите за научни истражувања и зголемената побарувачка за помош, дури и во странство, во наредните години ќе бараат нови инвестиции во структури и технологија. Тоа е тежок баланс, но важно е секогаш да се гарантира одржливоста и ефикасноста така што болницата продолжува да биде извонредно дело на милосрдната љубов на Црквата – рече меѓу другото папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк