Папата: Средбата со Исус во Словото го менува животот

Секојдневното читање на Евангелието ни помага да го совладаме нашето самољубие и одлучно да го наследуваме Учителот, Исуса – е новata Твитер порака коај папата Фрањо ја објави на профилот @Pontifex.

Светиот Отец често во текот на речиси две и пол години папство поттикнува на читање на Евангелието и даде илјадници примери да се поделат на плоштадот Свети Петар, во што помагаа и бездомниците од Рим.

„Носете го Евангелието во вашата торба, во џебот. Прочитајте секој ден по еден дел. Ќе биде тоа добро за вас, правете го тоа!“ Многу пати сме го слушнале тој поттик на папата Фрањо: „Кога си тажен земи го Божјото Слово и читај го“, тоа ќе ти пружи утеха и радост. Во Евангелието – толкува Папата – Исус повторно ја запалува во нашите срца топлината на верата и надежта. Бидејќи во тоа Слово е всушност Исус Кој ни зборува. Словото Божјо е самиот Исус. Тоа е силата на Словото Божјо: Исус Христос – истакнува Папата.

Светиот Отец објаснува исто така како да се прими Словото Божјо: не толку за да го научиме, туку – истакнува Папата – за да го пронајдеме Исус. Ако навистина го слушаме Словото доаѓа до вистинска средба со Исус, а таа средба го преобразува срцето, го менува животот. Треба да се слуша со отворени, понизни срца. бидејќи Исус дојде на тој начин, во понизност и сиромаштво – истакнува папата Фрањо.

Освен тоа, Папата предупредува да не се направи грешка односно Словото Божјо да се слуша како „некоја интересна работа“ и да се дозволи нашата вера да зависи од инспиративна проповед на некој свештеник. Верата, како што вели свети Павле ако е вистинска е заснована на силата на Бог, а не на човечката мудрост. И ние – рече Папата – ако сакаме да го слушаме и примиме Словото Божјо треба да го молиме Светиот Дух да ни подари срце како срцата од блаженствата кое ќе ни помогне во едноставноста на она Слово да го пронајдеме живиот Исус. Тогаш доброто семе ќе донесе плод – истакнува папата Фрањо.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот