Папата: Да се промовира култура на грижа

Папата: Да се промовира култура на грижа

Посакувам работата на конференцијата во Маракеш да биде водена од свеста за нашата одговорност која сите нас мора да нѐ поттикнува сериозно да ја промовираме културата на грижа која го исполнува целото општество – стои во пораката на папата Фрањо по повод меѓународната конференција за климата „Cop22“.

Посакувам работата на конференцијата во Маракеш да биде водена од свеста за нашата одговорност која сите нас мора да нѐ поттикнува сериозно да ја промовираме „културата на грижа која го исполнува целото општество“, грижата за создаденото, но и за ближниот – стои во пораката на папата Фрањо до министерот за надворешни работи на Мароко Салахедин Мезуар по повод меѓународната конференција за климата „Cop22“. Воедно порача дека начинот на живот кој се заснова на културата на отфрлање е неодржлив и не може да има место во нашите развојни и образовни модели.

Светиот Отец истакна дека усвојувањето на Договорот од Париз „претставува зајакнување на свеста дека – соочени со таквиот сложен проблем како што е климатската промена – индивидуалните и/или националните акции не се доволни, туку е неопходно да се понуди заеднички одговор.“ Воедно истакна дека е неопходно нашата интелигенција и технологија да се стави во служба на еден поинаков вид на напредок кој е поздрав, похуман, повеќе социјален и посеопфатен (Laudato si 112.)

Папата нагласи дека оваа конференција претставува централна етапа од Договорот од Париз. Влијае на целото човештво, а посебно на најсиромашните и идните генерации. Ние етички и морално сме одговорни да делуваме без одложување – рече Папата – и тоа слободно без политички и економски притисок, преовладувачките поединечни интереси. Додаде дека за спроведувањето на Договор од Париз не е доволен само „технички дијалог“, туку тој процес бара постојана поддршка и политичка поддршка се темели на свеста дека „сите сме едно човечко семејство. Не постојат политички или општествени граници и бариери зад кои можеме да се сокриеме, а уште помалку има простор за глобализација на рамнодушноста.“ (исто 52)

Светиот Отец е свесен дека техничките решенија се неопходни, но не се доволни; потребно е исто така да се земат во предвид етичките и општетсвените аспекти на новата парадигма на развојот и напредокот. Смета дека во тој контекст е неопходно образованието и промовирањето на таквиот начин на живот кој ќе поттикнува одржливи модели на производство и потрошувачка (исто 180) и потсети на неопходноста за раст на одговорна совест кон нашиот заеднички дом (исто 202.231). „Тоа не е обврска само на државите членки, туку и на цивилното општетсво, приватниот сектор, локалните власти, локалните заедници и староседелското население“ порача на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот