На средбата со мажи и жени од редот на сиромашните слуги на Божјата Промисла, папата Фрањо рече дека географските и егзистенцијалните периферии на кои Господ ги испраќа се поле во кое преку изобилното милосрдие ја навестуваат провидоносната љубов на Отецот.
На Црквата денес и се потребни монашки заедници кои се отворени за светот и не се плашат да одат во географски и егзистенцијални периферии, одговарајќи на потребите на сиромашните и отфрлените. Обраќајќи им се на сиромашните слуги на Божјата Промисла по завршувањето на нивното генерално собрание, Папата истакна дека тие треба да продолжат да се водат од наследството на нивниот основач Свети Иван Калабриски и неговото сведоштво за заедништвото. Заедништвото се раѓа и храни пред сѐ од нашиот однос со Троиствениот Бог, напомена Папата, а потоа конкретно е видливо во братството.
Синодален стил
Светиот Отец ја изрази својата поддршка за синодалниот стил на монашката заедница и тоа што монасите и монахињите заедно одат со Црквата, со неколку лаици кои активно учествуваа во генералното собрание, зацврстувајќи го својот идентитет и припадност. Тоа е и сведоштво за заедништво, посочи Светиот Отец.
Синовски однос
Осврнувајќи се на харизмата на монашката заедница, која е повикана во светот да ја оживее верата во Бог Отецот и синовско препуштање на неговата Промисла, Папата рече дека тоа е прекрасно. Тој објасни дека гледајќи го Исус во неговото јавно делување, проповедање, па дури и во разговорите со неговите ученици, ја гледаме неговата желба да го открие Отецот, да се почувствува неговата добрина. Целото негово послание беше да нè доведе во тој синовски однос, забележа Светиот Отец, кој како своја суштинска карактеристика ја има довербата во Промислата: дека Отецот нè познава подобро отколку што се познаваме себеси и знае подобро подобро што ние потребно отколку што знаеме ние.
Најсиромашните се „бисерите“
Папата ги покани присутните да тргнат по стапките на свети Иван Калабриски, особено во друштво на најсиромашните, последните, отфрлените од општеството, кои се нивни „бисери“, како што ги нарекуваше нивниот основач. Светиот Отец го опиша свети Иван Калабриски како пророк, наведувајќи дека оние што го следат мора да го зачуваат неговото наследство и да останат вклучени во Црквата на своето време, покажувајќи го татковското и мајчинското лице на Бога.
Култура на промисла
Тој ги повика монасите и монахињите да се спротивстават на сегашната култура на рамнодушност со културата на промисла, која особено влијае на т.н. богати општества. Ова не значи дека треба да чекаме решенијата да паднат од небото за проблемите и добрата што ни се потребни, рече Папата, туку тоа е настојување да личиме на Светиот Дух, нашиот небесен Отец кој се грижи за своите созданија, особено за најкревките, најмалите; тоа значи да го споделиме со другите она малку што го имаме за никој да не му недостасува она што му е потребно. Тоа е став на грижа, кој е повеќе од потребен за да се спротивставиме на културата на рамнодушност, рече Папата.
Споделување
Важен дел од сведочењето за заедништвото на оние што се трудат да одат заедно е споделувањето, рече папата Фрањо, потсетувајќи се на примерите кои ги даваат постарите, бабите и дедовците. За нив било сосема природно да нахранат неочекуван гостин или сиромашен човек што ќе дојде пред нивната врата. Тоа е многу конкретно искуство на Промисла, на споделување, нагласи Папата. Затоа ги повика да обноват одредени вредности и, како Исус, да и служат на Промислата преку споделување.
Сакајте ги сиромашните со тоа што самите ќе бидете сиромашни
Папата предупреди на искушението за повлекување во самореференцијалност и ја потсети монашката заедница дека географските и егзистенцијалните периферии на кои ги праќа Господ се поле во кое тие ја ја навестуваат провидоносната љубов на Отецот преку изобилно милосрдие, покажувајќи ја нежноста на Божјото лице без предрасуди и исклучување. Сакајте ги сиромашните, така што и самите ќе бидете сиромашни, рече Папата.
Опасност од озборувања
На крајот, покрај подготвениот говор, папата Фрањо ги потсети присутните дека никогаш не треба да го занемаруваат тој дух на човечност дури и внатре во самите заедници. Една од работите што го уништува човечкото братство – човечноста – е озборувањето: ве молам бидете внимателни. Никогаш не озборувајте се еден со друг. Ако имате проблеми со вашата сестра или брат, одете и кажете им во лице, рече тој, истакнувајќи дека во спротивно може да дојде до повреда и раздор.
Ватикан њуз/к.мк