Папата со два услови до младите за да бидат надеж
Папата Фрањо на средбата со волонтерите во Краков бидејќи не е сигурен дали тој лично ќе биде на следниот Светски ден на млади во Панама, но истакна дека „Петар таму сигурно ќе биде.“
Предавајќи го однапред подготвениот говор, Светиот Отец спонтано им се обрати на младите волонтери на крајот од својата петдневна посета на Полска заблагодарувајќи им се за нивната посветена работа.
Ги потсети младите дека мора да се сеќаваат на своите корени ако сакат да бидат надеж за иднината. „Морам да се прашувам од каде доаѓам… сеќавање на мојот народ, сеќавање на семејството, сеќавање на историјата.“ Тоа е – според Папата – „веќе изоден пат и сè што сме примиле од возрасните.“ Млад човек без такво сеќавање „не може да биде светлина на надеж за иднината“ – рече Папата.
Ги повика сите млади да разговараат и да ги слушат своите родители, баби и дедовци и постарите луѓе воопшто, затоа што тие ја претставуваат „мудроста на народот“. Уште еден неопходен услов за да се биде светлина за иднината Папата препозна во „храброто живеење во сегашноста.“ „Не плашете се!“ – им порача Светиот Отец.
Сеќавањето и храброста се потребни и за следниот Светски ден на млади во 2019 година. „Не знам дали ќе бидам во Панама, но можам да ви гарантирам дека Петар ќе биде таму“ – рече папата Фрањо. „Петар ќе ве праша дали разговаравте со своите баби и дедовци и со постарите за да стекнете сеќавање; ќе ве праша дали сте имале храброст и смелост да живеете во сегашноста; ќе го интересира дали го посеавте семете за иднината“ – им порача на крајот Светиот Отец на младите.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк