Папата Фрањо: Како Петар да сведочиме на болните за Христос

Папата Фрањо: Како Петар да сведочиме на болните за Христос

Раните на болните и болестите се пречки кои ни пречат да непрадуваме во животот. Но нашите рани секогаш се и Исусови рани и во нив е присутен Тој самиот – рече папата Фрањо во катехезата за време на Генералната аудиенција во среда 28 август 2019 година, на која исто така упати и апел за мир како не би се повториле трагичните настани, кои ги предизвика омразата, кои донесуваат само уништување и смрт и се осврна на 80 годишнина од почетокот на Втората светска војна, која започна на 1 септември со нацистичкиот напад врз Полска.

Не плашете се од оние кои ни наредуваат да молчиме, кои нѐ клеветат и налетуваат на нас – поттикна папата Фрањо во денешната кетехеза на плоштадот Свети Петар и повика да го молиме Господ да нѐ зајакне одвнатре како би биле сигурни дека е присутен покрај нас. Денешното размислување папата Фрањо го концентрираше на посланието на главниот сведок на Исусовото восресение, свети Петар, кој го започна проповедањето на керигмата, како Исус поминува меѓу болните, земајќи ги врз себе болестите.

Петровото лекување предизвика омраза и завист кај садукеите – рече Светиот Отец и додаде: Виделе дека чудата не ги прави со магија, туку во Исусово име, сепак не сакале да прифатат. Затоа заедно со другие апостоли ги ставиле во затвор, но чудесно се ослободени и тогаш им забраниле да проповедаат. Повикувајќи се на тој настан и следејќи го примерот на Петар, Папата го истакна токму она на што христијанинот е повикан да го каже.

Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога, отколку на луѓето, е големиот христијански одговор – рече папата Фрањо и напомена: Тоа значи да се слуша Бог без резерва, без одложување, без пресметки, да се присоединиме со Него како би станале способни за сојуз со Него и со оние кои ги сретнуваме на својот пат. И ние го молиме Светиот Дух за сила за да не се плашиме пред оние кои ни заповедаат да молчиме, кои не клеветат и налетуваат на нас. Да не се преплашиме. Го молиме да нѐ зајакне одвнатре како би биле сигурни дека Господ е покрај нас, присутен со својата љубов и утеха.

Рибарот од Генезаретското езеро дозволува Христос да се објави – рече Папата и продолжи: Иако Петар не направил ништо, со неговото поминување неговата сенка станува нежност која оздравува, обсипува со нежноста на Воскреснатиот кој се наведнува над болните и го враќа животот, спасението, достоинството. На тој начин Бог ја покажува својата близина и зафаќа во раните на своите деца, ги прави теолошко место за својата нежност. Раните на болните и болестите се пречки кои ни пречат да напредуваме во животот. Но нашите рани секогаш се и Исусови рани и во нив е присутен Тој самиот. Таму е Исус кој го повикува секој од нас да внимаваме на раните, да ги негуваме и да ги лекуваме.

Во петото поглавие од Делата на светите апостоли Црквата се покажува како „полска болница“, која ги прифаќа болните – рече Светиот Отец и додаде: Црквата, свештеничкото срце и сите верници на болните им даваат предност. Не смеат да се отфрлат, напротив спротивното, треба за нив да се грижиме и да внимаваме на нив. Болните се предмет на христијанската грижа. Од самиот почеток Папата истакнува дека евангелистот Лука укажува на симболични места за виталноста на црковната заедница, на знаци и чуда кои ги следат зборовите на апостолите.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот