Папата служеше Света Литургија на римските гробишта „Кампо Верано“

Денес, на празникот Сите Светци, по веќе востановен обичај, Светиот Отец, попладнето служеше света Литургија покрај кипот на Богородица од Бројаницата, на римските гробишта „Кампо Верано“. Со Папата концелебрираа и кардиналот Агустино Валини, папскиот викар во Римската бискупија и негов заменик заедно со помошните бискупи и парохот од парохијата „Свети Лувр надвор од ѕидините“. Покрај Богородичната статуа беа изложени и моштите на Свети Иван XXIII и на Свети Иван Павле II.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот