Со сиромашните се постапува како со отпад, но нивно е Царството Божјо и во нив е моќта за спасение. Тоа се зборови на папата Фрањо од пораката за Третиот Светски ден посветен на оние кои денешното општество ги осудува, отфрла и поднесува. Задача на христијаните е меѓу нив да сеат надеж и доверба.
„Зашто нема засекогаш да биде заборавен сиромавиот, и надежта на бедните нема никогаш да престане“ (Псалм 9,18). Тие зборови од псалмот се насловот од пораката на папата Фрањо за Третиот Светски ден на сиромашни, кој оваа година се одбележува на 17 ноември, а овој ден Светиот Отец го воспостави на крајот од Јубилејот на милосрдието. Во центар на одбележување на тој ден се мажи и жени, млади и деца жртви на нови ропства поради што тие стануваат мигранти, сираци, бездомници и маргинализирани. Сиромашните сѐ повеќе се поброен плод на општеството во кое владее голема социјална нерамномерност, која подигнува ѕидови и ги попречува влезовите, и кои сакаат да се отстранат. Меѓутоа тие исто така се луѓе кои се надеваат на Господ, а Црквата е повикана, како и секој христијанин, на посебен начин да се ангажира за нив
Развој, нерамномерност и нови ропства
Споменатиот Псалм е темата на пораката на Папата кој ја прикажува „неверојатната актуелност“ – објаснува Папата. Денес, како и во времето кога е напишан псалмот, големиот економски развој предизвикал таква нерамномерност, што некои групи луѓе се збогатиле на штета на мноштвото кое станувало сѐ посиромашно; односно имаме сиромашни на кои им недостасува најосновното и оние привилегираните без никаква смисла за Бог, ги бараат сиромашните како би го присвоиле и она малку што го имаат, и на тој начин да ги доведат во ропство.
Меѓу „новите робови“ Папата ги спомена семејствата принудени да емигрираат како би преживеале, искористените сираци, младите невработени поради „кратковидна политика“, мигранти кои се жртви на интереси и инструментализација, проститутки, зависници од дроги, како и бројни бездомници и маргинализирани луѓе кои кружат низ нашите градови.
Колку пати гледаме сиромашни кои во ѓубрето го бараат фрленото и вишокот, како би најделе нешто со што би можеле да се нахранат или облечат – истакна Папата и додаде дека кон нив се однесуваме како со отпад, и тоа така што чувството на вина не ги погодува оние кои се виновни за тој скандал. На сиромашните не им се простува ниту нивното сиромаштво. Судот секогаш е подготвен. Не може да си дозволат да бидат срамежливи или обесхрабрени; ги сметаат за заканувачки или неспособни само затоа што се сиромашни.
Сиромашниот се надева на Господ
Во спомнатиот псалм е искажана жалоста поради неправдата, страдањето и огорченоста од која се погодени сиромашните. Но и покрај тоа, псалмот дава и убав опис на сиромашниот кој исто така е личност и кој се надева на Господ. Сиромашниот е сигурен дека никогаш нема да бида напуштен, и затоа секогаш живее во присутноста на Бог, кој мисли на него. Бог е оној кој суди според правдата и не заборава.
Да се допира Христовото тело, да служиме
Црквата е народ и е повикан да не дозволи никој да не се чувствува странец или исклучен. Сите сме повикани да го допираме Христовото тело како лично би служеле, што претставува вистинска евангелизација. Општественото промовирање на сиромашните не е некоја обврска која не е поврзана со евангелието, напротив, тоа го покажува реализмот на христијанската вера и нејзината историска вредност.
Сведоци на христијанската надеж
Не е лесно да се биде сведок на христијанската надеж во контекст на култура на конзумеризам и отфрлање, која постојано тежнее за зголемување на површната и минливата благосостојба. Потребна е промена на менталитетот како би го откриле она најважното и да го истакнеме навестувањето на Царството Божјо. Надежта се пренесува и со утеха која се остварува помагајќи на сиромашните, но не само во некој момент на занес, туку како долготрајна обврска. Сиромашните не добиваат вистинска надеж ако не нѐ гледаат дека сме задоволни што сме им посветиле малку од своето време, туку кога во нашата жртва ќе препознаат чин на бесплатна љубов, која не бара награда.
Апел до волонтерите – поголема преданост и братски дијалог
Со посебен апел Папата се обраќа и на волонтерите кои први откриле колку е важно вниманието кон сиромашните, и побара од нив повеќе да се препуштаат, во барањето на она што на секој сиромашен навистина му е потребно, односно добрината на нивното срце без разлика на културата и начините на изразување. Тоа бара да се стават на страна поделбите, кои произлегуваат од идеолошките или политичките гледишта.
На сиромашните пред сѐ им е потребен Бог, неговата љубов видлива во свети луѓе, кои живеат покрај нив и кои во едноставноста на својот живот ја искажуваат и истакнуваат силата на христијанската љубов. Бог се служи со бројни патишта и бесконечни средства како би допрел до срцата на тие луѓе (…) Она што им е потребно на сиромасите е нешто повеќе од само топол оброк ил сендвич кој го нудиме, На сиромашните им се потребни нашите раце како би се подигнале, нашите срца како повторно би ја почувствувале топлината на љубовта, нашата присутност како би ја надминале осаменоста. Едноставно, потребна им е љубов – истакнува Папата.
Сиромашните не се бројки, туку луѓе
Понекогаш да се врати надежта потребно е малку; доволно е да застанеме, да се насмевнеме, да послушаме. Да заборавиме еден ден на статистиката; сиромашните не се бројки на кои треба да се повикуваме како би ги пофалиле делата и проектите. Сиромашните се луѓе на кои треба да им се оди во пресрет (…) Сиромашните нѐ спасуват, затоа што ни овозможуваат да го сретнеме лицето Христово – истакнува папата Фрањо и на крајот од пораката ги поттикна сите христијански заедници, како и оние кои чувствуваат потреба на сиромашните да им дадат надеж и утеха, да се ангажираат како Светскиот ден на сиромашните кај многумина ќе ја зајакне желбата за плодоносна соработка, како никој не би се чувствувал исклучен од близината и солидарноста.
Ватикан њуз/к.мк