Папата Фрањо се обрати пред Претседателот, членовите на Владата и парламентот, претставниците на граѓанското општество и дипломатскиот кор во Претседателската палата во Мапуто, главниот град на Мозамбик.
Среќен сум што сум повторно во Африка и што ова апостолско патување го започнувам во земја толку благословена со природна убавина и големо културно богатство кои, со добро познатата животна радост на вашиот народ, придонесуваат за надеж за подобра иднина – рече папата Фрањо, обраќајќи се пред Претседателот, членовите на Владата и Парламентот, на претставниците на граѓанското општество и дипломатскиот кор во Мозамбик.
На почетокот на првиот говор на своето 31-то апостолско патување, Светиот Отец ги насочи мислите на оние што неодамна ги погодија циклоните Кенет и Идаи, чии уништувачки последици – рече тој – продолжуваат да оптоваруваат толку многу семејства, особено на места каде што обновувањето сè уште не беше можно.
Во говорот во Претседателската палата во Мапуто, Светиот Отец се осврна и на мировниот договор потпишан во Мозамбик на почетокот на август, што го означи конечниот крај на непријателствата меѓу власта и опозицијата, и се заблагодари на меѓународната заедница за нејзините децениски напори и посветеност кон мирот во земјата.
Потсетувајќи се на првиот договор, потпишан во Рим во 1992 година, кој го започна патот на помирувањето во Мозамбик, Светиот Отец рече дека потрагата по траен мир, во кој биле вклучени сите, барала напорна, стабилна и континуирана работа, објаснувајќи дека мирот е како кревок цвет обидувајќи се да цвета меѓу камењата на насилство.
Мирот му дозволи на Мозамбик да се развива во различни сектори, рече папата Фрањо, истакнувајќи дека тие постигнале ветувачки напредок во образованието и здравството. Тој тогаш ги охрабри присутните да продолжат да работат на зајакнување на потребните структури и институции за да не се чувствува никој напуштен, особено младите што сочинуваат голем дел од населението.
Културата на мирот бара постојан процес во кој е вклучена секоја нова генерација и тој пат мора да го поддржува и да биде целосно потопен во културата на средба, односно препознавање на другиот, воспоставување врски и градење мостови – рече Папата.
Имате храбра и историска мисија која треба да ја исполните “, рече Светиот Отец, обраќајќи им се на властите во Мозамбик, додавајќи:„ Не престанувајте да се залагате сè додека има деца и адолесценти без образование, семејства без дом, работници без работа и селани без земја. Овие се темелите за иднина со надеж, иднина на достоинство; тоа е оружје на мирот – истакна тој, истакнувајќи дека мирот исто така повикува на грижа за нашиот заеднички дом.
Одбраната на земјата е исто така одбрана на животот, што бара посебна претпазливост кога постои тенденција за грабеж и киднапирање, водена од желбата да се профитира – предупреди папата Фрањо, и на крај рече дека културата на мирот повлекува продуктивен, одржлив и вклучлив развој, во рамките на кој може секој жител на Мозамбик да се чувствува дека оваа земја е негова и која ќе му овозможи да воспостави братски и праведни односи со својот ближен и сè што го опкружува.
Ватикан њуз/к.мк