Струмица: Крстен пат за млади со игра на сенки

Струмица: Крстен пат за млади со игра на сенки

Во вечерните часови во среда 4 април 2018 година во дворот на парохиската црква “Свети Иван Крстител“ – Струмица се одржа Крстен пат кој го анимираа младите од парохијата, а го предводеше о. Атанас Сирачев. На Крстниот пат во молитвите на младите им се придружија верници од парохијата.

Во дворот на Црквата беше поставен Господовиот Крст, пред кого се молеа постојките од оваа побожност, додека младите анимираа со игра на сенки, придружувани со звучни и светлосни ефекти и видео инсерти за секоја постојка извадени од филмот Пасија на Мел Гибсон.

Овој креативен Крстен пат за млади го подготви веронаучната група на млади од парохијата со своите свештеници. Минатата година младите Крстниот пат исто така на креативен начин го молеа во парохиската сала „Света Мајка Тереза“.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот