Папата се сретна со Папските мисионерски институти

Ватикан, 18.5.2013 /к.мк/ – Да се навестува Евангелието е чест, одговорност и должност: со овие три збора пред 50 години Павле VI го насочи патот на Папските мисионерски институти, а од папата Фрањо беа повторени во петок 17 мај на аудиенцијата за вработените на ватиканскиот оддел. Претставниците на Папските мисионерски институти се сретнаа со Папата при крајот од нивната годишна средба. На средбата Папата ги охрабри за нивната активност, која не е факултативна, туку многу важна мисија.

Централно место во говорот на Папата беше „мисионерски дух”, кој е „парадигма на секоја активност на Црквата” и помага на Папата. „Римскиот епископ е повикан да биде Пастир не само на својата Црква, туку на сите Цркви, за да може Евангелието да допре до сите краишта на земјата”, рече папата Фрањо. Во оваа светлина Папските мисионерски институти се „привилегирано средство” во рацете на Папата, кој е знак за единството и универзалноста на Црквата.

Денес мисиите не се само „актуелни, туку и неопходни, бидејќи многу народи сеуште не го познаваат Исус и не се сретнале со него – рече Папата. Затоа итно е потребно да се најдат нови форми и патишта Божјата благодат да допре до секој маж и жена и да се сретнат со Бог. Сите ние сме важни алатки, добивајќи го дарот на верата, но не за да ја чуваме за себе, туку да ја распространеме, за да се осветли патот на многу наши браќа и сестри.

Повикани сме се повеќе да го разоткриваме дејството на Светиот Дух, за да станеме средства на Божјото милосрдие, нежност и љубов, посебно кон сиромашните, напуштените и оддалечените – истакна папата Фрањо. Како за Црквата, така и за секој христијанин тоа не е факултативна работа, туку главно послание.

Во поглед на желбата на некои заедници да се затвораат во себе, вознемирени од сопствените проблеми, Папата ги повика да го задржат жив првичен жар и секој христијанин уште од рана возраст да биде воспитуван во духот на универзалноста и мисионерството. Така сите ќе можат да учествуваат и да ја градат Црквата, отворајќи ја кон поширока димензија на мисијата за евангелизација.

Папата посвети посебно внимание на „младите Цркви”, кои многу често се наоѓаат во тешки услови, дискриминирани и прогонувани, и повика „да бидат помогнати во сведочењето на Евангелието.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<