Претставниците на канадските „први народи“ од почетокот на неделата водат разговори во Ватикан. Овој четврток, 31 март 2022 година папата Фрањо прими група од дваесетина домородци.
Соопштението обајвено од Канцеларијата за печат на Светиот Престол информира за аудиенцијата и се споменува дека домородците биле придружувани од некои канадски бискупи. Како што се потсетува во соопштението, ова е трета средба на папата Фрањо со гости од денешна Канада: во понеделникот тој ги прими претставниците на Метис и Инуитите.
Средбата поминала во „атмосфера на слушање и близина“. Во петок Папата ќе ги прими во аудиенција сите три групи заедно, и во таа прилика Светиот Отец ќе одржи говор. Аудиенцијата во живо ќе ја пренесува Радио Ватикан и Ватикан Њуз од 12 часот.
Ватикан њуз/к.мк