Порака на папата Фрањо до учесниците на Ходочастието на семејствата за семејството

Порака на папата Фрањо до учесниците на Ходочастието на семејствата за семејството

Во пораката до учесниците на 14. Ходочастие на семејствата за семејството кое се одржа на 11 септември, а во кое се вклучени дваесет светилишта во 19 италјански покраини и едно во Швајцарија, папата Фрањо истакна дека тие се блескавото лице на верата во времето на тешкотиите и трпењето. Ги поттикна да се молат за Светската средба на семејствата која ќе се одржи во Рим во 2022 година.

Семејството е живо ако е соединето во молитвата. Силно е кога ќе го открие Словото Божјо. Великодушно е ако е отворено за животот – со тие зборови папата Фрањо се обрати на брачните парови, на бабите и дедовците, децата и внуците кои учествуваат на 14 национално ходочастие на семејствата за семејството. На ходочастие во организација на Обновата во Духот, Италјанската епископска конференција и Форумот на семејни здуженија, а кои вклучуваат 20 светилишта во Италија и едно во Швајцарија учествуваат физички и онлајн илјада семејства.

Папата пред сѐ се заблагодари за тоа сведоштво на заедништво и радост, кое се покажува во заедничкиот восклик: Семејството е живо!, а потоа изрази задоволство заради нивните напори да допрат до што повеќе луѓе за да станат жив знак на она ‘Аmoris laetitia’ радост на љубовта која извира од евангелието на семејството. Семејствата вклучени во ходочастието го покажуваат блескавото лице на верата во Исуса Христа во време притиснато од голем број тешкотии, страдања и нови сиромаштва – истакна Папата.

Осврнувајќи се на темата на иницијативата која гласи: „Во заедништво… радост!“ папата Фрањо истакна дека таа го потврдува повикот, не на барање потрошувачка и индивидуалистичка радост која само го оптеретува срцето, туку радост која се живее во заедништвото, која се дели и во која се учествува затоа што поблажено е да даваш отколку да примаш. Имено братската љубов ја умножува нашата способност за радост затоа што нѐ прави способни да се радуваме на доброто на другите – напоменува Папата.

Семејството е живо ако се соедини во молитвата. Семејството е силно ако го открие Словото Божјо и провидоносната вредност на сите негови ветувања. Семјството е великодушно и ја гради историјата ако е отворено за животот, ако не дискриминира и служи на најслабите и оние во потреба, ако не престане да му го нуди на светот лебот на милосрдието и виното на братството – истакна папата Фрањо и ги поттика учесниците да ходочастието да продолжат да одат по тој пат, за да ја подготват X Светска средба на семејства која ќе се одржи во Рим од 22 до 26 јули 2022 година и истовремето во бискуписките заедници и во целиот свет.

Станува збор за конкретна, материјална подготовка, но најмногу за духовна. Заради тоа во пораката на Папата е вклучен интегралниот текст на официјалната молитва за средбата во Рим, повикувајќи веќе сега да започне да се моли.

Свети Оче,

тука сме пред Тебе

за да Те славиме и за да Ти се заблагодариме

за големиот дар на семејството.

Те молиме за семејствата посветени во светата Тајна Женидба,

за секој ден повторно да ја откриваат примената милост

и како мала домашна Црква,

да знае да го сведочи Твоето присуство

и љубовта со која Христос ја љуби Црквата.

Те молиме за семејствата

кои ги мачаат трпења и страдања

болести или неволји кои само Ти ги познаваш.

Поддржи ги и направи ги свесни

за патот на посветеноста на кој ги повикуваш,

за да можат да го искусат Твоето бесконечно милосрдие

и да понајдат нови патишта за раст во љубовта.

Те молиме за децата и младите,

за да можат да Те сретнат

и радосно да одговорат на повикот кој си го замислил за нив;

за родителите, како и за дедовците и бабите,

за да бидат свесни

дека се знак на Божјото татковство и мајчинство

во грижата за децата кои во телото и духот

Ти им ги доверуваш;

за искуството на братство

кое семејството може да го даде на светот.

Господи дај секое семејство

да може да го живее својот повик на светост во Црквата

повикот да биде протагонист на евангелизацијата,

во служба на животот и мирот,

во заедништво со нашите свештеници, монаси и монахињи

и со сите звања во Црквата.

Благослови ја Светската средба на семејства. Амин.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот