Папата се сретна со Големиот имам Ал-Азхар

На 23 мај 2016 година во 12 часот во Апостолската палата Светиот Отец го прими во аудиенција Големиот имам Ал-Азхар, Ахмед Мухамед Ал- Тајеб. Во текот на срдечниот разговор ја истакнаа големата важност на таа средба во рамките на дијалогот помеѓу Католичката Црква и исламот.

Со Големиот имам се сретнаа и претседателот на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог кардинал Жан Луј Туран и секретарот на таа дикастерија монс. Мигел Анхел Џижот.

Во придружба на Големиот имам – соопшти директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол п. Федерико Ломбарди – била делегацијата која ја предовдел Абас Шуман, потсекретар на Ал-Азхар; Махмуд Хамди Закзук член на советот за високи научници при тој универзитет и управителот на Центарот за дијалог со Ал-Азхар; потоа Мохамед Махмуд Абдел Салам советник на големиот имам; Мофие Афифи Афифи Ахмен главниот секретар на Академијата за исламски истражувања; Махмуд Абдел Гавад дипломатски советник на Големиот имам; и советниците Тамер Тавфик и Ахмад Алшурбагу. Во придружба на делегацијата беше и египетскиот амбасадор Хатем Сеиф Елнаср.

Срдечниот разговор на папата Фрањо и Големиот имам треше околу 30 минути и ја истакнаа големата важност на таа средба во рамките на дијалогот помеѓу Католичката Црква и исламот. Пред сè се фокусираа на темата за заедничко залагање на властите и верниците на големите религии за мир во светот, отфрлање на насилството и тероризмот и состојбата на христијаните во контекст на конфликтот и тензиите на Блискиот Исток и нивната заштита.

Папата на Големиот имам му подари медал со гранче на мирот и пример од својата енциклика Лаудато си. По аудиенцијата со Светиот Отец пред заминувањето од Апостолската палата, Големиот имам со својата делегација се задржа во краток разговор со кардинал Туран и монс. Џижот.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот