Молитвената накана на Папата за август посветена на Светскиот ден на младите

Молитвената накана на Папата за август посветена на Светскиот ден на младите

Во видеото објавено од Папската светската молитвена мрежа, молитвената накана на папата Фрањо за август е посветена на претстојниот Светски ден на младите во Лисабон, оваа средба да им помогне на младите да го започнат своето патување, сведочејќи го Евангелието со своите животи.

Во видеото младите поставуваат прашања: Зошто во Црквата има само постари луѓе; зошто мотото на Светскиот ден на младите е „Марија стана и брзо отиде“ (сп. Лука 1,39) и какви се очекувањата на Папата од Светскиот ден на млади?

На тоа последно прашање Светиот Отец одговара дека би сакал во Лисабон да го види „семето на идниот свет“, односно „свет во кој љубовта е во центар, во кој можеме да чувствуваме дека сме браќа и сестри. Во војна сме, друго ни треба. Свет кој не се плаши да сведочи за Евангелието. Свет со радост, затоа што ако христијаните немаат радост, не сме веродостојни, никој нема да ни верува“.

Папата објаснува и дека Црквата не е клуб за стари лица, туку и за млади. Ако Црквата се претвори во нешто само за постарите, ќе умре, вели Папата. Затоа се потребни млади луѓе.

На крајот од видеото, младите молат: „Да молиме Светскиот ден на млади во Лисабон да ни помогне нам младите да го започнеме патувањето, сведочејќи го Евангелието со нашите сопствени животи“.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот