Треба да се сочува сеќавањето затоа што без него нема иднина; освен тоа треба да се штити верската слобода и да се забрани антисемитизмот во целата човечка заедница – тоа го истакна Папата на аудиенција за група рабини од Кавказ од Светскиот конгрес на Евреи од Кавказ.
Да се сочува сеќавањето живо, да се штити верската слобода од тоталитарни стремежи, да се забрани антисемитизмот во човечката заедница – истакна папата Фрањо зборувајќи им на рабините од Светскиот конгрес на Евреи од Кавказ. Имено Светиот Отец денес за прв пат во Ватикан прима делегација рабини од Светскиот конгрес на Евреи од Кавказ, кои се нарекуваат исто така „Јухуро“, кои се еврејски групи од источните и северните падини на Кавказ, посебно Дагестан и северните делови на Азербејџан.
Сеќавање
Папата ја спомна неодамнешната средба со една еврејска заедница во Литванија, одржана на 23 септември по повод комеморацијата за холокаустот, 75 години после уништувњето на гетото во Вилнус и убиството на повеќе од илјада Евреи и ја истакна потребата од сеќавање – рече Папата. Без живо сеќавање нема да има иднина затоа што, ако од најцрните страници на историјата не научиме да не паѓаме повторно во истите грешки, човечкото достоинство ќе остане мртво слово – истакна Папата.
Да се штити верската слобода
Меѓу другите болни случувања на кои се осврна Светиот Отец беше 75 годишнината обележана на 16 октомври, од одведувањето на Евреите од римското гето и за неколку денови 9 ноември 80 годишнина од Кристалната ноќ кога се уништени бројни еврејски места за богослужба, истотака со намера – е мислењето на папата Фрањо – да се искорени она што е во човечкото срце, и во срцето на еден народ потполно неповредливо, а тоа е присуството на Создателот Папата затоа го истакна неотуѓивото право на верска слобода.
Кога Добриот Бог сака да се замени со идолопоклонство на моќта и идеологијата на омраза дошло до истребување на луѓето. Заради тоа верската слобода е најголемото добро кое треба да се штити, таа е темелно човеково право, бастион пред тоталитарните стремежи – рече Светиот Отец
Да се забрани антисемитизмот
Папата потоа поттикна спротивставување на секој вид на антисемитско однесување, и повторно истакна дека оној кој се признава за христијанин не може и не смее да го мрази братот Евреин. Христијанинот не може да биде антисемит. Нашит корени се заеднички. Тоа би било противречност на верата и животот. Заедно сме, напротив повикани да се ангажираме за човечката заедница да го забрани антисемитизмот.
Пријателството помеѓу Евреите и католиците
Освен тоа пријателството помеѓу Евреите и католиците е засновано на братството кое е вкоренето во историјата на спасението и се остварува со взаемно внимание – објасни Папата и повторно истакна дека треба да бидете творци на мирот, поттик и двигатели на дијалогот, посебно на меѓурелигиско ниво, за доброто на целото човештво. На крајот спомнувајќи си на екуменската средба одржана пред две години во Азербејџан го истакна патот, главната задача на која сме повикани.
Да разговараме со другите и да се молиме за сите луѓе; тие се нашите средства за претворање на мечевите во плугови (Исаија 2, 4), за поттикнување на љубовта таму каде е омразата и простувањето таму каде што е навредата, за да не се измориме молејќи за мир и поминувајќи ги патиштата на мирот. Бидејќи денес не е време за насилни и груби решенија, туку итно е потребно да се преземат трпеливи постапки за помирување – истакна Папата.
Ватикан њуз/к.мк