Папата повика на молитва за следната синода
На Генералната аудинција, папата Фрањо на собраните верници ги повика на молитва за текот и успехот за претстојната синода за семејство, која ќе се одржи во октомври.
Драги браќа и сестри, во нашите катехези за семејството, денес ќе имаме една посебност: ќе земеме молитвен одмор. На 25 март во Црквата го славиме Благовештението, почетокот на таинството на овоплотувањето. Ангелот Гаврил ја посетува понизната девојка од Назарет и ѝ објавува дека ќе зачне и ќе го роди Синот Божји. Со ова навестување Господ ја расветлува и ја зајкнува верата на Марија, како што подоцна ќе направи со Јосиф, за да може Исус да биде роден во човечко семејство – рече Светиот Отец.
Тоа е прекрасно: ни ја покажува длабочината на тајната на овоплотувањето, онака како што Бог сакал: опфаќајќи го не само зачнувањето во мајчината утроба, туку и прифаќањето во вистинското семејство. Денес би сакал со вас да ја разгледаме убавината на таа врска, убавината на таа Божја благост, а тоа можеме да го направиме молејќи ја заеднички Радувај се Маријо…
А сега другиот аспект: датумот 25 март, на празникот Благовест во многу земји се слави како Ден на животот. Заради тоа пред 20 години, свети Иван Павле II, на овој датум ја потпиша енцикликата Evangelium vitae. Во сеќавање на таквата годишнина денес на плоштадот се присутни многу поборници од движењата за живот. Во спомнатата енциклика семејството зазема централно место, како почетна точка на човечкиот живот.
Зборот на мојот преподобен претходник (Иван Павле II), нè потсетува на тоа дека човечкиот пар од почетокот го имал Божјиот благослов за да обликува заедница на љубов и живот на која и е доверено посланието за создавање. Сопружниците христијани, славејќи ја светата Тајна Женидба, се ставаат на располагање да го прегрнат и да го ценат овој благослов. Со Христовата милост, преку целиот живот Црквата од своја страна се зазема да се грижи за новите семејства, како за Божји дар, за неговиот сопствен живот, без оглед дали во добро или во зло: поврзаноста на Црквата и семејствата е света и неприкосновена.
Црквата како мајка никогаш не го напушта семејството, па ниту тогаш кога самата е огорчена, на многу начини умртвена и ранета. Ниту тогаш кога ќе падне во грев или се оддели од Црквата; секогаш сè ќе направи за да ја излекува и оздрави, повикува на обраќање и го помирува со Бог. Ако пак тоа е нејзината задача, изгледа јасно колку на црквата и е потребна молитвата за да биде во состојба во секое време да го исполни посланието! Молитва полна со љубов кон семејството и животот. Молитва која знае да се радува со радосните и да трпи со оние кои трпат.
Еве, заедно со своите соработници, мислев денес да ви предложам обнова на молитвата за синодата на епископите за семејството. Уште еднаш да го започнеме овој потфат сѐ до следниот октомври, кога започнува редовната синода посветена на семејството. Би сакал молитвата, како и целиот тек на синодата да биде исполнет со љубовта на Добриот Пастир кон Своето стадо, посебно за луѓето и семејствата кои заради многу причини се „изморени и прснати како овци без пастир“ (Мт 9, 36).
Така поддржана и со милоста Божја исполнета, Црквата ќе може да биде уште поактивна, поединствена во сведочењето на вистината за Божјата љубов и милосрдие кон семејствата во светот, не исклучувајќи ниту едно – било внатре, било надвор од трлото – рече Папата. Ве молам вашата молитва да не изостане. Сите: Папата, кардиналите, епископите, свештениците; монасите и монахињите, верниците лаици – сите сме повикани да молиме за синодата. За ова постои потреба, не за озборување! На молитва ги повикувам и оние кои се чувствуваат далечни или можеби го изгубиле тој обичај. Ова молитва за синодата во семејствата е добро за сите. Знам дека утрово ви е поделена слика, која ја држете во рацете. Ве повикувам да ја чувате и да ја носите со себе, за следниот месец често да молете, со светата истрајност, како што тоа го сакаше Исус. Сега да измолиме заедно:
Исусе, Маријо и Јосифе
во вас го гледаме
сјајот на вистинската љубов
на вас со доверба ви се обраќаеме.
Свето Назаретско Семејство,
чувај ги нашите семејства
место на заедништво и светилишта на молитва
веродостојни училишта на Евангелието
и мали домашни Цркви
Свето Назаретско Семејство,
никогаш повеќе во семејството да не се искуси
насилство, затвореност и поделеност:
кој и да бил ранет или соблазнат
брзо нека искуси утеха и оздравува.
Свето Назаретско Семејство,
следната епископска синода
во сите нека разбуди свест
за светата и неповредливоата важност на семејството
Неговата убавина во Божјиот план.
Исусе, Маријо и Јосифе,
Слушнете ја и услишите ја нашата молба. Амин.
Како и обично папата Фрањо на крајот ги поздрави и поклониците кои го зборуваат италијанскиот јазик, а посебно припадниците на бројните здруженија посветени на заштитата на животот. Светиот Отец се сети и на оние кои трпат, младите и нововенчатите парови:
Со радост ве примам на денот кога Црквата го слави празникот на Благовештението Господово. Во ова таинство го насетуваме планот преку кој Бог нè направи учесници во својата бесмртност, но и великодушното располагање на Марија, која со својата вера го прифати навестувањето на Ангелот. На вас млади млади, вие кои трпите и вие нововенчати овде собрани, сакам да растете во великодушното располагање за Господ по примерот на Пресветата Девица – посака на крајот Светиот Отец.
РВ/Д.И.