Папата одобри нов документ за економско-финансиски прашања
Светиот Отец одобри мото проприо кој имплементира реформа на телата кои се занимаваат со надзор и следење како и управување на добрата на Светиот Престол и служи како продолжение на мото прорио Fidelis dispensator prudens.
Добрата од овој свет кои што Црквата ги поседува се наменети за нивната цел односно за служење на Бог, достојна подршка на свештенството, апостолатот и за дела на милосрдието посебно во служба на сиромашните (кан. 1254 §2 C.I.C.) – стои во канонскиот законик, кој што 1254 канон на почетокот од своето мото проприо зЗа компетенциите во економско – финансиските работи го цитираше папата Фрањо. Документот е одобрен во понеделникот на 4 јули, а е објавен на 9 јули 2016 година.
Папата потсетува дека на 24 февруари 2014 година со мото проприо Fidelis dispensator prudens се основани три нови тела: Совет за економија, Секретаријат за економија и Канцеларија на главниот ревизор одредувајќи им ги сферите на надлежност и – една година подоцна – им ги одобрува на пробен рок (ad experimentum) статутите.
Светиот Отец одобри мото прорио кој имплементира реформа на телата кои се занимаваат со надзор и следење како и управување на добрата на Светиот Престол. Новиот законодавен документ служи како продолжение на мото проприо Fidelis dispensator et prudens и претставува одговор на потребите за попрецизно дефинирање на односот помеѓу управувањето на поседот на Апостолскиот Престол и Секретаријатот за економија. Основно начело во поглед на реформата во оваа област – а посебно врз основа на овоа мото прорио – е да се обезбеди јасна и недвосмислена разлика помеѓу контролата и надзорот од една страна и управувањето со добрата од друга страна. Документот наведува надлежности кои се однесуваат на управувањето со поседот на Светиот Престол и подобро ја оцртува улогата на надзор и следење на Секретаријатот за економија.
РВ/к.мк