Папата: Одам во Африка како амбасадор на мирот

Го очекувам со радост моментот во кој ќе бидеме заедно. Тоа го вели папата Фрањо во видеопораката до населението на Кенија, Уганда и Централноафриканската република, кои ќе ги посети од 25 до 30 ноември.

Папата нагласува дека се упатува кон африканскиот континент како амбасадор на мирот со цел да го охрабри разбирањето и почитувањето на различните вери и етнички заедници.

„Се обраќам до вас со пријателство“ – така почнува видеопораката на Папата до населението на Кенија и Уганда, првите две земји кои ќе ги посети за време на своето 11. Апостолско меѓународно патување. Папата Фрањо нагласува дека оди на африканска почва, за да ја промовира љубовта на Исус Христос и неговото послание за помирување и простување. „Евангелието сака од нас да си ги отвориме очите за другите, особено за сиромашните и оние кои имаат потреба“. Заедно со тоа Папата уверува дека сака да се сретне со сите луѓе во Кенија и Уганда и да го предложи на секој еден од нив утешителното слово на Евангелието.

„Живееме во ера во која верниците и луѓето со добра волја во целиот свет, се повикани да го промовираат разбирањето, взаемното почитување и взаемната помош како членови на едно човечко семејство. За нас сите се Божји чеда“, констатира папата Фрањо. „Затоа кулминација на мојата посета ќе бидат средбите со младите, кои се вашиот голем ресурс и надеж за ветувачка иднина за солидарноста, мирот и напредокот“.

Во видеопораката до Јужноафриканската република, Папата потсетува дека на 29 ноември ќе се отвори Светата врата во катедралата во Банги, со што ќе влезе во Светата година на милосрдието. Папата уверува дека „Јубилејната година е погодна можност за вистинска прошка, да се прифати и истовремено да се даде, и време за обновување на братската љубов“.

„Вашата земја го познава долго време насилството и несигурноста, а многу од вас се нивни невини жртви – вели Папата во видеопораката. Затоа целта на мојата посета е првенствено да донесам, во името на Исус, утеха и надеж. Со цело срце верувам дека мојата посета ќе придонесе на некој начин за зајакнување на вашите рани и ќе открие помирна иднина за земјата и нејзините жители “. Папата Фрањо потсетува дека избрана тема на посетата е „Да одиме на другиот брег“ и ги повикува верниците да гледаат позитивно кон иднината.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот