На Плоштадот на хероите со стотина илјади верници, папата Фрањо го заврши 52. Меѓународен евхаристиски конгрес. Светата Литургија која ја предводеше Папата наречена уште и Statio Orbis, затоа што се слави во заедништво со сите христијани, во мислите и духот.
Во хомилијата Папата истакна како Исус во Кесарија Филипова ги прашал апостолите: „А вие што велите, Кој сум јас? За нив тоа е клучното прашање кое значи пресвртница во односот со Учителот. Морале да го преземат тој клучен чекор од восхитување до наследување Исуса. Господ денес ни го поставува истото прашање кое бара важен, личен одговор, истакна Светиот Отец.
Тој одговор нѐ обновува како апостолите. Се состои од три чекори кои ги преземале апостолите, а кои можеме и ние денес: навестување на Исус, расудување за Исуса и да се следи Исуса.
Крстот не е привлечен, но нѐ лекува
Откако Петар на Исусовото прашање одговорил; „Ти си Христос, Исус одеднаш им се закани на учениците на никој да не кажуваат дека Он е Христос. Зошто? Иако одговорот на Петар е точен, тој е нецелосен. Секогаш постои ризикот во кој се прогласува лажниот месијанизам кој доаѓа од луѓето, а не од Бог. Од тој момент Исус постепено им го открива својот вистински, „пасхален“ идентитет кој го пронаоѓаме во Евхаристијата. Објаснува дека неговото послание ќе доживее врв во славата на воскресението, но дури по понижувањето на крстот. Исус бара молчење за својот идентите како Месија, но не и за крстот кој го чека.
Пред овие Христови зборови можеме и самите да бидеме затечени, рече Папата. И ние повеќе би сакала да имаме моќен Месија, а не распнат слуга. Евхаристијата е тука за да нѐ потсети кој е Бог. Тоа не го прави со зборови, туку конкретно ни се покажува Бог како прекршен леб, како распната и дарувана љубов.
Реакцијата на Петар на Исусовите зборови е целосно човечка – штом се појави крстот, очигледна болка, се инатиме, вели Светиот Отец. Денес како и порано крстот не е модерен, ниту привлечен. Сепак, нѐ лекува одвнатре.
Плодна внатрешна борба
Стоејќи пред распнатиот Господ, соочени сме со плодна внатрешна борба, конфликт помеѓу Божјиот начин на размислување и човечкиот. Божјиот начин на рамзислување е скромна љубов која избегнува наметнување и триумфализам, а секогаш е насочен на доброто на другите, дури и по цена на сопствените жртви. Од друга страна нашиот човечки начин на размислување, мудроста на светот која е поврзана со почести и привилегии, се ловиме за престиж и успех.
Ослепен со тој начин на размислување, Петар го зеде на страна и започна да го одвраќа. Ние исто така можеме да го земеме Господ „на страна“ во нашите срца, мислејќи дека сме религиозни и угледни, а одиме по својот пат не допуштајќи на нас да влијае Исусовиот начин на размислување. Сепак, тој е секогаш на нашата страна во таа внатрешна борба, затоа што сака ние како апостолите да останеме на неговата страна.
Колку е поинаков Христос Кој се претставува како сама љубов, од сите моќни и успешни месии кои светот ги почитува! Христос нѐ предизвикува, не се помирува со изјавите на верата, туку бара од нас да ја прочистиме својата вера пред крстот, пред Евхаристијата. Добро би ни дошло да поминуваме време во поклонување пред Пресветата Евхаристија за да размислуваме за Божјите слабости.
Христијанското патување започнува со „чекор назад“
Понатаму, Папата се осврна на Исусовата остра заповед: Бегај од мене сатано! Со тие зборови се враќа Петар на себе. Било кога Господ ќе нареди, веќе е тука за тоа да ни го даде. Петар така прима милост да се отргне и повторно да остане со Исуса. Христијанското патување не е трка кон „успех“ туку започнува со чекор назад, со пронаоѓањето на слободата во тоа да не мора да бидеме во ценатрот сега. Петар открива дека во центарот не е неговиот Исус, туку вистинскиот Исус. И понатаму ќе паѓа, но со секоја прошка појасно ќе го гледа Божјото лице. Така ќе премини од празен восхит на Христос на автентично наследување.
Што значи да се следи Исуса? Тоа значи да се оди низ животот со Исусовата доверба, знајќи дека сме љубени деца Божји. Тоа е да се следат стапките на Учителот кој дојде за да служи, а не да биде служен.
Почетокот на новото патување
Драги браќа и сестри да дозволиме нека средбата со Исус во Евхаристијата да нѐ преобрази, како што тоа било со вашите големи и храбри светци кои ги почитувате, повика Папата.
На крајот Папата додаде дека овој Меѓународен евхаристиски конгрес претставува крај на едно патување, но и почеток на друго. Да се следи Исуса значи секогаш да се гледа напред, да се биде отворен за каирос на милосрдието и секојдневно да се биде предизвикан од прашањето на Господ: Што велите, Кој сум јас?“
Ватикан њуз/к.мк