На средбата со членовите на Советот на Унијата на малгашките свештеници, монаси и монахињи кои се на послание во Рим, Папата истакна дека во време кога е загрозен мирниот соживот меѓу народите, искуството на посветување на Христос е доказ дека животот може да се живее поинаку во светлината на Евангелието.
Плодноста на мисијата зависи и од единството кое треба да го негуваат браќата едни со други и со епископите. Во месец октомври, посветен на мисиите, папата Фрањо на тие кои избрале посветен живот ги упати на важен дел на патот кој треба да го поминат, за да го навестат Евангелието, а тоа е единството. Единството е сведоштвото кое сте повикани да го донесувате во нашето општество – истакна римскиот епископ на средбата со водачите на Советот на Унијата на малгашките свештеници, монаси и монахињи. Вашето денешно присуство, додека вашите епископи се во посета ad limina, е израз на вашето молитвено заедништво со духовниот од кои тие го остваруваат посетувајќи ги гробовите на апостолите Петар и Павле – напомена Папата.
Единството не може да се одвои од заедништвото, од помирувањето. На нашиот свет му е потребно единство – додаде Светиот Отец повторувајќи го она што го рече на Генералната аудиенција на 25 септември 2013 година – ова е време во кое на сите ни е потребно единството, ни треба помирување, заедништво, а Црквата е дом на заедништвото.
Денес во нашите општества, а за жал понекогаш и во Црквата сме сведоци на барањето на личните интереси и има многу озборување; озборувањето е на дневен ред – рече Папата и поттикна, ве молам, не брборете, не озборувајте, зборувајте секогаш добро едни за други, затоа што озборувањето е оружје за разединетост. Таквото однесување и тој „вирус на себичност“, се заканува на мирниот соживот меѓу народите, како и меѓу синовите и ќерките на истата земја. Соочени со таквата состојба, вашето лично и заедничко искуство на посвета на Христос доказ дека животот може да се живее поинаку во светлината на Евангелието кое дава вистинска радост.
Папата Фрањо исто така ги поттикна свештениците, монасите и монахињите од Мадагаскар да станат знаци за таа африканска земја. Ве поттикнувам затоа секогаш да одите заедно и своето присуство во Рим да го направите скапоцена прилика која ќе ви овозможи да ја збогатите и обновите вашата вера на трагите на големите ликови на светците и светиците кои овде ви претходеа. Ве поттикнувам да формирате големо духовно семејство, во кое меѓусебно се почитува, сака и поддржува. Така ќе можете да станете знаци за својата партикуларна Црква и за Мадагаскар, кој од вас очекува многу.
На крајот, Светиот Отец секого од нив го довери на Дева Марија. Нека таа ви помогне верно да го чувате вашиот идентитет на свештеници, монаси и монахињи среде промените на оваа време. Нека се застапува за вас за секогаш да бидете отворени великодушни кон браќата и сестрите, посебно оние кои поминуваат низ тешкотии. Бидете обединети, сите, соединети и соединети со епископите кои се пастири – ги поттикна Папата.
Папата Фрањо го посети Мадагаскар во 2019 година во рамки на апостолското патување во Мозамбик, Мадагаскар и Маурициус од 4 до 10 септември истата година.
Ватикан њуз/к.мк