Папата на Богојавление: И христијаните денес имаат своја ѕвезда – Евангелието

Со нашите мали светла го бараме Божјото светло и да не се задоволуваме со просечно живеење – поттикна папа Фрањо во проповедта на света Литургија на празникот Богојавление, 6 јануари прославен во базиликата Свети Петар. Папата ги повика верниците на света „лукавост“ на духот, која на мудреците им помогнала да го најдат и да му се поклонат на Исус, избегнувајќи ги Иродовите зли намери.

Богојавление е упорно одење по светлото сѐ до откривањето на посилното и попродорното светло кое го менува животот. Може зад Богојавление да се сокрива подла темнина, која се облекува со светло, а која всушност е безобзирна завера за да се сочуваат сопствените привилегии. Богојавление е една ѕвезда но е и Ирод; еден пат и пречка на патот, што секогаш се случува на патот на верата. Папата во проповедта најпрво се осврна на мудреците, велејќи дека ѕвездата ги поттикнала да го бараат Христа, Големото светло.

Мудреците верно го следат светлото кое ја презема нивната внатрешност и среќата во Господ. Во тој пат на мудреците од исток е симболизирана судбината на секој човек: нашиот живот е одење, осветлен со светла за да се пронајде полнината во вистината и љубовта, што ние христијаните ги препознаваме во Исус, Светлото на светот – објасни папата Фрањо.

И денешните христијани имаат своја ѕвезда – рече Папата. Тоа е Евангелието кое треба да се чита и да се размислува за него за да се спознае Исус и неговата љубов. Може да се случи на тој пат на барање да се изгуби вистинската ѕвезда, како што се случило со мудреците кога се наведнале на сенката на Ирод, сомнителен и загрижен заради раѓањето на едно мало и слабо Дете , кој го сметал за опасен противник – истакна Папата додавајќи:

Исус не дојде да го собори него, бедникот, туку Кнезот на овој свет. А сепак царот и неговите советници чувствувале дека се слаби за да се потпрат на нивната моќност, се плашат дека можат да и ги промени правилата на игра, да им го разоткрие изгледот. Едно Дете го довело во криза целиот свет, изграден на доминација, успех, поседување и корупција. А Ирод дури ги убива децата. Еден црковен отец вели: „Ти во телото убиваш деца, затоа што тебе во срцето те заколува страв. Тој всушност се плашел, од страв убива – рече папата Фрањо.

Ако „темнината на световноста“ го замагли малото видување на ѕвездата, мудреците одделени од тој негативен впечаток, повторно наоѓаат светло и стигнуваат во Витлеем. Папата го истакна однесувањето на мудреците на враќањето кон дома, нивната „света лукавост“ им овозможила да избегат од замката на Ирод.

Тие во таа „света лукавост“ ја сочувале верата. И ние треба да ја чуваме верата. Да ја чуваме од таа темнина, која често е облечена во светло. Затоа што ѓаволот, како што вели свети Павле, понекогаш се облекува како ангел на светлината. Тогаш е потребна „света лукавост“ за да се чува верата, да се сочува од пеење на сирените која вели: Гледај, денес треба да го направиме тоа и тоа. Затоа што верата е милост, затоа што е дар, должни сме да ја чуваме со „света лукавост“ со молитва, љубов и дела на милосрдието – предупреди Светиот Отец.

Во однесувањето на мудреците можеме да откриеме уште една поука. Мудрците нѐ учат да не се задоволуваме со просечно живеење, „крајбрежна пловидба“ туку да се препуштиме Бог да нѐ занесе со она што е добро, вистинско и убаво, затоа што тоа е секогаш многу повеќе. Нѐ учат да не дозволиме изгледот да не лаже; со тоа што за светот е големо, мудро и моќно. На тоа не треба да се застане. Треба да се чува верата – рече Светиот Отец.

Да ја чуваме – повтори Папата – од световноста за да одиме кон Витлеем, таму каде што во едноставност, во куќата на периферијата, помеѓу мајката и таткото, полни со љубов и вера, сјае Сонце, дојдено висините, Цар на вселената – заврши папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот