Папата Фрањо на Светата Литургија на 30 март 2020 година во домот Света Марта го молеше Бога да им помогне на оние кои се уплашени од корона вирусот, а во проповетта повика да се заблагодариме на Бог што ги препознаваме своите гревови, бидејќи на тој начин можеме да молиме и да го прифатиме Неговото милосрдие.
Да молиме денес за многу луѓе кои не можат да реагираат, бидејќи се уплашени поради пандемијата од корона вирусот. Господ нека им помогне да се кренат и да работат за добро на целото општество и заедницата – рече Папата Фрањо на 30 март 2020 година на Светата Литургија во домот Света Марта. Коментирајќи ги литургиските читања во кои се зборува за две жени кои некои луѓе сакале да бидат осудени на смрт, невината Сузана и прељубницата која е фатена на дело, Папата истакна дека во првиот случај тужителите се корумпирани судии, а во другиот лицемери.
Што се однесува до жените, Бог, Сузана ја оправда ослободувајќи ја од корумпираните судии кои се осудени, а на прељубницата и прости, ослободувајќи ја од книжниците и лицемерните фарисеи – рече Светиот Отец и напомена: Правдата и Божјото милосрдие се добро прикажани во денешниот Псалм: „Господ е Пастир мој; ништо нема да ми недостасува, Кога би тргнал и по долината на смртна сенка, нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене“. Со тоа Папата повика да му се заблагодариме на Бога, бидејќи знаеме дека сме грешници и можеме со доверба да го молиме Господ да ни прости
Во Псалмот молевме: „Господ е Пастир мој; ништо нема да ми недостасува. Он ме пасе на плодни пасишта и ме води на тихи води, ја поткрепува душата моја, ме води по патот на правдата, заради името Свое. Кога би тргнал и по долината на смртна сенка, нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене. Твојот жезал и Твојата палка ме успокојуваат” – цитираше Светиот Отец и истакна: Тое е искуството кое го имаа двете жени за кои читавме во денешните читања. Едната е невина, лажно обвинета и наклеветена, а другата грешница.
И двете, невината и грешницата се осудени на смрт – рече Папата и потсети: Некои од црковните отци во тие две жени го видоа ликот на Црквата; света, но со грешни деца. Еден убав латински израз вели: Црквата е „casta meretrix”, светица со грешни деца. И двете жени беа човечки очајни. Но Сузана се надевала на Бог. Постојат две групи на луѓе, и двете во служба на црквата, судии и учители на законот. Не беа свештеници, но беа во служба на црквата на судот и во поучувањето на законот, а беа различни.
Првите кои ја обвинија Сузана, беа корумпирани –рече Светиот Отец и продолжи: Една од тие жени падна во рацете на лицемери, другата во раце на корумпирани и немаше излез. „Кога би тргнал и по долината на смртна сенка – нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене. Твојот жезал и Твојата палка ме успокојуваат“. И двете жени одеа во долината на темнината, т.е кон смртта. Првата јасно се предаде на Бог и Господ интервинираше. Другата, бедната, знаеше дека е крива, беше посрамена пред целиот народ, бидејќи народот беше присутен и во двете ситуации.
Евангелието тоа не го кажува, но сигурно се молела во себе и барала помош – рече папата Фрањо и додаде: Господ ја сапси невината жена и ја оправда. На жената грешница и прости. Корумпираните судии ги осуди; на лицемерите им помогна да се обратат и пред народот рече: „Кој од вас е без грев; нека прв фрли камен на неа“. И си отидоа еден по друг, почнувајки од постарите. Им остави малку време да се покајат, а на корумпираните не им прости, едноставно бидејќи корумпираните не се во состојба да молат за простување. Не се изморија, не можеа.
Корупцијата им ја одзела способноста за срам и барање прошка која сите ние ја имаме – рече Папата и напомена: Тој кој е корумпиран е сигурен во самиот себе, оди понатаму, уништува, ги искористува луѓето, како и оваа жена, искористува сѐ и продолжува понатаму. Корумпираните се ставаат на Божјото место. Господ им одговорил на жените. Сузана ја ослободи од корумпираните судии и ѝ помогна да продолжи понатаму, а на другата и рекол: „Ниту јас не те осудувам“. Оди и отсега немој да грешиш“. Ја пушти да оди и тоа пред народот.
Во првиот случај народот го славеше Господ; а во другиот учеше какво е Божјото милосрдие – рече Папата и потсети: Секој од нас има своја приказна и свои гревови. Ако не се сеќава, нека размисли малку и ќе се сети. Нека му се заблагодари на Бог ако се сети, бидејќи ако не може да се сети е корумпиран. Секој од нас има свои гравови. Треба да го гледаме Господ кој ни носи правда, но повеќе како Оној кој е милосрден. Не треба да ни биде срам што сме дел од Црквата, но треба да се срамиме што сме грешници. Црквата е мајка на сите.
Да му се заблагодариме на Бог што не сме корумпирани, туку што сме грешници. И секој од нас, кога гледа како Исус делува во тие случаи, нека има доверба во Божјото милосрдие. Нека се моли со вера во Божјото милосрдие, нека моли за опростување, „Ме води по патот на правдата заради името Свое. Кога би тргнал и по долината на смртна сенка – тоа е долината на гревот – нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене. Твојот жезал и Твојата палка ме успокојуваат“ – заклучи Светиот Отец и заврши со Евхаристиско обожавање и благослов, и повика на духовна причест.
Ватикан њуз/ к.мк