Светиот Отец го прими чешкиот премиер Фиал

Светиот Отец го прими чешкиот премиер Фиал

Светиот Отец во аудиенција го прими Петер Фиал, премиер на Чешката Република. Потоа следуваше средба меѓу Питер Фиал и државниот секретар, кардиналот Пиетро Паролин и монс. Пол Ричард Галагер, државен секретар за односи со државите.

За време на срдечните разговори во Државниот секретаријат беа истакнати добрите билатерални односи меѓу Светиот Престол и Чешката Република и се разговараше за улогата на Црквата во општеството. Соговорниците, исто така, изразија желба за консолидација и понатамошно проширување на соработката.

Вниманието потоа беше насочено кон прашања поврзани со војната во Украина и нејзиното влијание на регионално и меѓународно ниво, со посебен фокус на хуманитарната ситуација и приемот на бегалците.

На крајот од аудиенцијата, Папата на чешкиот премиер му подари бронзена плоча со ликот на свети Мартин кој ги штити сиромашните давајќи дел од својата наметка, како и неколку Папски документи. Премиерот Фиал на папата Фрањо му подари Библија, ткаенина извезена од жени од Чешка и Украина и книга за Црквата во Чешката Република за Годината посветена на Света Људмила.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот