Папата молеше за младите од целиот свет

Ватикан, 21.7.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо во саботата на 20 јули во базиликата Света Марија Велика молеше за успех на своето прво Апостолско патување во Бразил, за младите што ќе присуствуваат на Светскиот Ден на младите во Рио де Женеиро, како и за младите од целиот свет.

Папата во римската базилика во попладневните часови го пречека кардиналот архиереј Сантос Абрил и Кастељо, а во капелата Спасителка на римскиот народ (Salus Populi Romani) се собраа канониците и доминиканците од тамошната заедница. Пред иконата на Богородица, Папата се задржа долго во тивка молитва, а потоа положи цвеќе и запали свеќа со логото на Светскиот Ден на младите во Рио.

Базиликата беше отворена за сите поради што се собра мноштво верници, а пред да ја напушти базиликата Светиот Отец по завршувањето на поздравот од кардинал Кастељо ги замоли присутните со нивните молитви да го следат на неговото патување во Браизл на средбата со младите од целиот свет. (В.Н)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<