Не може да се тргува со вистината

Навестувањето на вистината за Бог никогаш не треба да се одвои од разбирањето на човечките слабости, тоа го учи Исус, истакна Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 20 мај 2016 година.

Навестувањето на вистината за Бог никогаш не треба да се одвои од разбирањето на човечките слабости, тоа го учи Исус, истакна Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 20 мај 2016 година, коментирајќи го литургиското Евангелие кое опишува како Исус со фарисеите расправа за прељубата. Христос го надминува човечкото видување кое што Божјото видување го сведува на „казуистичка равенка.“

Евангелието е полно со замки кои што фарисеите и книжниците му ги поставуваат на Исус за да го искушуваат, поткупувајќи го неговиот авторитет и довербата кои ги ужива кај народот. Денешното Евангелие зборува за една од тие замки, фарисеите го прашуваат Исус дали на мажот му е допуштено да ја остави жената – рече Папата.

Вистина, а не казуистика

Папата нивното прашање го нарекува „замка на казуистиката“ која ја организира мала група на просветлени теолози, уверени дека го поседуваат целото знаење и мудроста на Божјиот народ. Исус ја избегнува замката растечки „нагоре“ во полнината на бракот. Тоа веќе го направил со садукеите, расправајќи се за жената со седум мажи, кога им кажал дека во небото нема ниту да се женат, ниту да се мажат. Исус во тој случај мислел на „есхаталошката полнина“ на бракот. Во овој случај напротив мисли на „полнината на создателската хармонија.“ Бог создал машко и женско, а двајцата ќе бидат едно тело – рече папата Фрањо додавајќи:

Не се веќе двајца, туку само едно тело. Па човек да не разделува она што Бог го соединил. Во двата случаи Исус одговара на голата вистина, секогаш јасно и во целост – тоа е вистина! Исус никогаш не тргува со вистината. А ова мала група на просветлени теолози секогаш тргува со вистината, сведувајќи ја на казуистика. Исус ја кажа вистината за бракот и нема други – истакна Светиот Отец.

Вистината и разбирањето

Исус исто така е многу многу милосрден, тој никогаш не им ја затвора вратата на грешниците. Затоа не се задоволува со навестување на вистината за Бог, туку ги прашува фарисеите што одредил Мојсеј во законот. А кога тие му возвраќаат дека е против прељубата, дозволено да и напише „разводно писмо“, а Исус им возвратил дека тој закон е напишан „заради вашите тв срца.“ Исус навистина секогаш „отворено“ разликува помеѓу вистината и човечките слабости.

Во овој свет со привремена култура, реалноста за гревот е многу силна. Исус пак сеќавајќи се на Мојсеј вели: Постои жестокост на срцето, постои грев, може нешто да се направи: прошка, разбирање, поддршка, вклучување, расудување во тие случаи… секогаш, но никогаш да не се продава вистината. Исус е способен да ја искаже таа многу голема вистина и истовремено да биде многу остроумен со грешниците, со слабите – истакна Папата.

Простувањето не е равенка

Исус нè учи на две работи: вистина и разбирање во тоа просветлените теолози не успеваат затоа што се затворени во замката на „математичката равенка“: може, не може? Заради човечките слабости се неспособни за нови хоризонти и за љубов. Доволно е да се осврнеш на Исусовата љубезност кон прељубницата која сакале да ја каменуваат: Ниту јас нема да те осудам, оди и не греши повеќе – рече Папата обраќајќи се на Исус да нè научи со срцето да се придружиме на вистината и со срцето да сфатиме и да ги следиме своите браќа во тешкотиите. Тоа е дар, тоа го поучува Светиот Дух, а не овие просветлени учители кои Божјата полнина ја следуваат на казуистичка равенка. Нека Бог ни ја даде таа милост – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот