Папата Фрањо преку видео-порака се обрати до учесниците на средбата на организацијата „Manos Abiertas“ („Отворени раце“) на тема „Милосрдие – пат од срцето кон рацете,“ која се одржува од 7 до 9 октомври 2016 година во аргентинскиот град Санта Фе.
Станува збор за аргентинска волонтерска организација со христијански основи која е формирана во 1992 година во Вила де Мајо во близина на Буенос Аирес, а на поттик на исусовецот отец Анџело Роси. Мотото на организацијата е „Љуби и служи,“ а целта е да се служи, да се промовира и да се врати достоинството на оние во потреба.
Папата на учесниците преку два примери од Евангелието им покажа како сочувството во срцето доведува до дејствување: добриот Самарјанин и Исус кој го оживува момчето од Наин. Двата примери ја трогнала бедата и ги поттикнала на милосрдие. Но – предупредува – милосрдието не е сожалување. „Може да сожалуваш рането животно, но тоа не е милосрдие. (…) Дозволувам бедата на другиот да ми го допре срцето. Тоа е почеток: патот на бедата до срцето. Нема милосрдие ако не почне од срцето, срце рането од бедата на другиот, срце кое дозволува да биде рането,“ рече Папата и додаде: „Милосрдието не е добро чувство, ниту милосрдие е добротворна работа, макар што добротворната работа е добра, но не е милосрдие. Милосрдието е патот на бедата до моето срце кое го поттикнува моето срце.“
„Сигурно – продолжи Светиот Отец – некои од вас би можеле да ме прашат: „Оче како да утврдам дека станува збор за милосрдие, а не за сожалување?“ Добро, прво треба да молиме за милоста да добиеме милосрдие. Тоа е милост и треба да ја барате од Господ. Но, единствен пат да примиме милосрдие е признавањето на сопствениот грев како и прифаќање на Господовата прошка. Може да се биде милосрден само ако навистина сметате дека сте примиле Божјо милосрдие. Ако сметаш дека Бог платил, простил и го заборавил твојот грев си примил милосрдие и затоа што си примил милосрдие можеш да бидеш милосрден. Ако милосрдието на тој начин не е дел од твоето срце, не е милосрдие.“
„Ако враќањето би било да дозволиме срцето да го рани бедата на другиот, редовниот пат е да се препознае сопствениот грев, сопствената беда и подлост и да сфатиш дека ти е простено, дека си го примил Божјото милосрдие; сега започнува враќањето: од срцето кон рацете. (…) Тоа е милосрдие. Милосрдието е пат од срцето до рацете. Што да правам? Да ги отворам своите раце или срце? И двете работи. Дозволи твојата беда и бедата на другите да го рани твоето срце. Дозволи да примиш милосрдие и да го започнеш патот на враќање и со своите раце подај милосрдие на другите, ширејќи милосрдие и љубов,“ ја заврши папата Фрањо својата видео-порака.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
За авторот
Слични написи

Папата на Генералната аудиенција: Отсуството на татко во животот на децата и младите предизвикува рани
