Папата: Милосрдието е начин на живот

Светиот Отец за време на катехезата на Генералната аудиенција на 30 јуни 2016 година на плоштадот Свети Петар зборуваше за делата на милосрдието и за потребата од конкретно сведоштво на Христовото Евангелие. Кој не живее за да служи, не служи за да живее – рече епископот на Рим.

„Кој не живее за да служи, не служи за да живее“ – е централната мисла во катехезата Светиот Отец на Генералната аудиенција на 30 јуни 2016 година во која зборуваше за делата на милосрдието на собраните верници на плоштадот Свети Петар.

На почетокот од катехезата Папата рече дека милосрдието не е некој апстрактен збор, туку стил на живот. Парафразирајќи ги зборовите на апостол Јаков рече: „милосрдието без дела е мртво во себе.“ Она што милосрдието го прави „живо“ е неговата постојана динамичност и одењето во пресрет на потребите на оние кои се во духовна или материјална потреба. Милосрдието има очи за да гледа, уши за да слуша, раце за да подигне повторно– рече Папата.

Секојдневниот живот ни овозможува речиси со рака да ги допреме потребите на најсиромашните и оние кои најмногу се искушувани. Од нас се бара тоа посебно внимание да се осврнеме на состојбата на страдање и на потребите во кои се наоѓаат многу браќа и сестри. Незаинтерсираноста е таа која нѐ прави лицемери, а за тоа и да не сме свесни, се јавува еден облик на „духовна летаргија која го откупува паметот и го прави животот неплоден. Сетете се – предупреди Светиот Отец – на оној кој не живее за да служи, не служи за да живее.

Колку само има и колку пати Божјото милосрдие е кон нас! – продолжи Светиот Отец – исто така колку лица се свртуваат кон нас за да добијат милосрдие! Оној кој го искусил во сопствениот живот милосрдието на Отецот не може да остане нечувствителен пред потребите на браќата. Исусовата наука не подржува бегство. Делата на милосрдието не се теориски теми, туку конкретни сведоштва – смета папата Фрањо – и нѐ обврзува да ги засукаме ракавите и да ги ублажиме страдањата.

Па да и дадеме простор на имагинацијата на љубовта за да дојдеме до нови начини на дејствување. Така патот на милосрдието секогаш станува поконкретен. Од нас се бара да останеме будни, за да не се случи пред сиромаштвото кое е последица на „културата на благосостојба“, да се намали христијанскиот вид, станувајќи така неспособни за да се каже самата суштина – рече папата Фрањо и објасни дека насочувањето кон она важното значи во оние во потреба да се гледа Исус затоа што Исус исто така гледа на нас.

Папата се осврна потоа на својата неодамнешна посета на Ерменија заблагодарувајќи му на Бог за тоа патување. Папата Фрањо се сети на претседателот на Република Ерменија, на Католикос Карекин II, патријархот, католичките епископи и целиот ерменски народ заблагодарувајќи им се на сите за гостопримството.

Папата потсети дека – ако Бог сака – за три месеци ќе ја посети Грузија и Азербејџан други две земји на тоа кавкаско подрачје. Причината за тоа е двојна: да ги цениме древните христијански корени на тие земји – секогаш во духот на дијалогот и со останатите религии и култури – и за да даде поттик на надеж и патишта на мирот. Во таа смисла Папата посака сите заедно и секој посебно да го дадат својот сопствен придонес за помирување.

Како христијани повикани сме да го зацврстиме меѓусебното братско заедништво за да го сведочиме Христовото Евангелие и за да бидеме квасец за поправедно и посолидарно општество. Повторно упатувам прегратка до епископите, свештениците, монасите и монахињите, но и до сите ерменски верници. Нека Дева Марија нашата Мајка помогне да останат цврсти во верата, отворени за средба и великодушност во делата на милосрдие – ја заврши својата катехеза папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот