Денес е одржан последниот состанок на кардиналите и папата Фрањо на кој се разгледуваше Апостолската конституција „Praedicate Evangelium“. Вчерашната работа е одржана според јазички групи и се размислуваше за лаиците на чело на дикастерии.
Формација на персоналот, духовност на Куријата и пред сѐ прашањето за лаиците и нивните можни улоги на чело на поединечни дикастерии беа темите за кои се размислуваше и расправаше во текот на состанокот на кардиналите со Папата за Апостолската конституција „Praedicate Evangelium“.
Вчера, после поздравот на Папата, на почетокот на работата, откако следуваше краток говор на деканот на Кардиналскиот колегиум кардиналот Џовани Батиста Ре, во новата сала за синода се собраа речиси 200 кардинали, патријарси и одговорни во Државниот секретаријат и се состанаа во јазични групи во кои се изнесени прашања, идеи и се бараа појаснувања. Одржана е и пленарна седница.
Главната тема, како што веќе е спомнато беше темата за лаиците во водечки улоги. Потсетуваме, во 10 точка на „Praedicate Evangelium“ – документ објавен на 19 март а кој стапи на сила на 5 јуни – се вели дека секој христијанин, врз основа на крштението е мисионер-ученик во таа мера во која ја пронашол Божјата љубов во Христос Исус. Тоа не може да се занемари во ажурирањето на Куријата, чија реформа затоа мора да вклучува учество на лаиците, исто така и во функции на управување и одговорност.
Уште во текот на конференцијата за новинарите по повод претставувањето на конституцијата, на 21 март, некои говорници, вклучувајќи го и новоименуваниот кардинал Џанфранко Гирланда се осврнаа на тоа прашање истакнувајќи дека постојат дикастерии во кои е погодно на чело да бидат лаици. (…)
Надбискупот на Њујорк, кардиналот Тимоти Долан, говореше за „убавото искуство“ и „изворедно поучната“ средба. „Разговараме како пријатели, како браќа, со неизмерно милосрдие и длабока љубов кон Црквата, за многу практични работи,“ ѝ рече кардиналот на новинарката од Ватикан њуз Дебора Кастелано. Како што кажа кардиналот Долан: „Мило ми е што тоа се случи, со нетрпение се очекуваше.“
Ватикан њуз/к.мк