Папата: Ерменија, крстови и храброст

За ерменскиот народ посакувам праведност и мир, а за Европа по Брегзит повторно да го пронајде новото единство – рече меѓу останатото папата Фрањо во опширниот разговор со новинарите во текот на летот на враќање од апостолската посета на Ерменија.

Се зборувало за бројни теми од екуменските односи до присуството на почесниот Папа во Ватикан, од основањето на комисиите за ѓаконство до одлуката за употреба на зборот „геноцид“ за злосторството направено на Ерменците во минатиот век.

Во Аргентина, кога се зборуваше за истребувањето на Еременците, секогаш се користеше зборот „геноцид“. Не познавав други зборови – рече папата Фрањо, одговарајќи на љубопитниот новинар кој сакаше да ги знае причините за употребата на зборот кој е табу, а кој е секогаш во центрот на прашањата кога станува збор за мнозинскиот масакар на Ерменците на почетокот на XIX век и за турската одговорност за тоа.

Објаснувајќи дека дошол од Аргентина, познавајќи го само тој збор и дека дури во Рим ги слушнал изразите „големо зло“ и „страшна трагедија“, Папата објасни дека му било кажано исто така дека зборот „геноцид“ е навредлив. Но – додаде – мојата историја поврзана со тој збор и откако минатата година јавно го кажав во Свети Петар чудно би звучело да не го употребам истиот збор. Меѓутоа тогаш сакав да истакнам нешто друго: дека во тој геноцид како и во другите два (на Хитлер и на Сталин) големите меѓународни сили гледале на другата страна – рече Папата.

Камен и нежност

Зборувајќи за Ерменците папата Фрањо ја истакна нивната храброст и вековната христијанска вера, способноста да не ја изгубат нежноста и убавината на уметноста и тоа во живот полн со камени крстови. Посакувам за тој народ праведност и мир – рече Папата и додаде дека знае многумина кои работат на тоа, спомнувајќи го притоа говорот на ерменскиот претседател кој – како што истакна Светиот Отец – имаше храброст да каже „се договривме, простивме и гледаме на иднината.“ Тоа е голема храброст! – истакна Папата.

Брегзит, единство и конфликт

Не изостана ниту коментарот на Папата за многу актуелната тема за Брегзит. На новинарско прашање дали е загрижен за фактот дека излегувањето на Обединетото Кралство може да доведе до распаѓање на Европа и евентуално до војна, Папата стакна дека треба добро да се разгледат аспирациите за отцепување за да се избегне опасноста од „балканизација“ на континентот. Војна во Европа веќе се води!

Освен тоа владее чувство на поделба и тоа не само во Европа, туку и внатре во самите држави – рече и ја спомна Каталонија и Шкотска. За мене единството е секогаш над конфликтот, секогаш! А чекорот кој Европската Унија треба да го направи за повторно да се здобие со сила која ја имаше во своите корени е чекорот на креативност и „здрава разединетост“. Односно земјите на Унијата треба да дадат повеќе независност, повеќе слобода – истакна папата Фрањо.

Дијалог со православните

Опширно се зборуваше за екуменски теми, а меѓу првите беше за Сеправославниот собор на Крит на кој по многу децении на подготовка некои Цркви меѓу кои и Московскиот патријархат не учествуваа. Меѓутоа Папата има позитивно мислење. Самиот факт дека тие автокефални Цркви се состанаа во име на православието за да се погледне во лице, заедно да молат, да разговараат (..) веќе тоа е многу позитивно. Му благодарам на Господ за тоа. Следниот пат ќе биде повеќе – рече Папата.

Лутер имал право

Едно прашање се однесуваше на 500 –тата годишнина од протестанската реформа по кој повод Папата за четири месеци ќе отпатува за Шведска. Лутер? Мислам дека неговите намери не биле погрешни – рече Папата – Можеби некои методи не биле исправни. Сепак, црквата има свој дел во одговорноста за постапката која ја поттикнала реформата – рече Папата – Во Црквата имало корупција, световност, наврзаност на парите и моќта. Заради тоа протестирал.

Освен тоа бил интелигентен па направил чекор напред, објаснувајќи зошто тоа го прави. И денес лутераните и католиците, протестантите и сите се согласуваме околу науката за Оправданието; во таа толку важна работа тој не погрешил (…) Денес дијалогот е многу добар, а оној документ за Оправданието мислам дека е еден од најбогатите и најдлабоките екуменски документи – рече Светиот Отец и додаде дека вистина има поделба, но тие – како што кажа – зависат и од Црквата.

Црквата бара прошка

Што се однесува до почитувањето на хомосексуалците – тема која ја поттикна едно неодамнешно тврдење на кардинал Маркс – папата Фрањо истакна дека никој не може да биде судија на таквите луѓе и го спомна Катехизмот на Католичката црква кој повикува тие луѓе да се почитуваат и пасторално да се следат. Мислам дека Црквата не само што треба да се извини како што кажал оној карднал „марксист“ (кардинал Маркс) – се пошегува Папата – на човек кој е геј, кој е навреден туку треба да се извини и на сиромашните, жените и децата кои се искористуваат за работа; треба да се извини затоа што благословила многу оружје. Црквата треба да се извини (…) – и кога велам „Црква“ мислам на хрстијаните затоа што Црквата е света, а ние сме грешници – христијаните треба да се извинат затоа што не придружувале бројни одлуки и бројни семејства – додаде Папата.

Само е еден Папа

Меѓу останатото Светиот Отец потврди дека на бирото има претпоставка на една истажувачка комисија за основањето на ѓаконството во црквата дека во текот на посетата на Аушвиц следниот месец ќе појде на тоа место на ужасот без зборови, само со молитва во тишина.

На крајот од својот говор со симпатичност зборуваше за Бенедикт XVI. Тој со храброста и молитвата, а и со науката, со теологијата одлучи да ја отвори врата кон поранешното папство и мислам дека тоа е добро за Црквата. Но – истакна папата Фрањо – само е еден Папа. Тој за мене е (…) мудар дедо, човек кој со својата молитвата ми го чува грбот. Никогаш нема да го заборавам говорот кој го изрече на 28 февруари пред нас кардиналите: „Меѓу вас сигурно е мојот наследник. Ветувам послушност и тоа го направи – рече папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот