Папата до швајцарските епископи: Црквата не е невладина организација
Црквата треба да биде видлив знак за Телото Христово и неговиот народ, а не убаво здружение или невладина организација. Ова го рече папата Фрањо во говорот пред швајцарските епископи кои ги прими на аудиенција во Ватикан по повод нивната редовна посета „Ад лимина“.
Папата ја истакна постојаната„културна и социјалнакохезија“ во земјата која е седиште на „важни меѓународни институции на мирот, трудот, науката и екуменизмот“ и во која и покрај дистанцирањето од верата на многумина од жителите, „мнозинството ја признава позитивната улога на католиците и протестантите на социјално поле“.
Но „без жива вера во воскреснатиот Христос – предупреди Папата – прекрасните цркви и манастири, како опатијата свети Маврициј што се подготвува за својот 1500 годишен јубилеј, постепено ќе се претворат во музеи, а импресивните институции ќе ја изгубат својата душа и ќе останат празни“.
Вашата мисија, како пастири, истакна папата Фрањо, е да одите со стадото, „понекогаш однапред или одзади, и го водите, според околностите, зашто Божјиот народ не може да постои без своите пастири, епископи и свештеници“. Оттука и повикот на Светиот Отец до епископите „да дадат јасен и заеднички одговор на проблемите во општеството, во момент когамногу луѓе, дури и црковни претставници, имаат тенденција да се оддалечат од социјалната димензија на Евангелието“, кое сепак „поседува моќ да дава предлози“.
Папата ги повика швајцарските епископи да ја претстават „сеопфатно евангелската порака и да ја направат достапна за сите, без да ја затемнуваат нејзината убавина, особено на лицата со потешкотии во секојдневниот живот, барателите за смислата на животот и оддалечените од Црквата“. „Сведоштвото на христијаните и на парохиите може да го осветли нивниот пат и да им помогне во потрагатапо среќата. Само на овој начин Црквата може да ја исполни својата мисија, а не да изгледа како една невладина организација“- посочи папатаФрањо.
Треба да ја навестуваме Благата вест „без да се стремиме да ги задоволиме желбите на луѓето“, рече на крајот Папата. „Многу често се трудевме да одговориме без да сфатиме дека од нас не се очекуваат одговори. Подобро е да поставуваме прашања со апостолска визија. Како Исус кого Бог Го воскресна, а ние сме негови сведоци“.
РВ/В.Н.