Папата до младите: Заменете го удобниот кауч со чевли

Не дојдовме на светот за да вегетираме, за животот да го поминеме на каучот, туку за да оставиме впечаток и великаните во светот да ги научиме да градат мостови на братство – е пораката на Светиот Отец за повеќе од милион и шестотини илјади млади на бдението за Светскиот ден на млади.

Не дојдовме на светот за да вегетираме, за животот да го поминеме на каучот, туку за да оставиме впечаток и великаните во светот да ги научиме да градат мостови на братствот– е пораката на Светиот Отец за повеќе од милион и шестотини илјади млади кои се собраа на Кампот на Милосрдието во Краков на бдението за Светскиот ден на млади. Папата ги повика да одат по Божјиот пат за да го надминат стравот и теророт кои предизвикуваат затворање и парализираност. Ги поттикна младите да ги поучат возрасните како заедно да живеат во различностите.

Братски мост за менување на светот

Ни требате за да нè научите на соживот, дијалог, споделување во разновидноста на културата – не како тоа да е закана, туку можност. Имајте храброст да нè поучите дека е полесно да се градат мостови отколку да се подигаат ѕидови – рече папата Фрањо. Предложи еден конкретен „мост“ кој е можно да се оствари на лице место: пружете си и стегнете се со рака. Тоа е „оргиналниот“ и „голем братски мост“ за кој посака да го научат да го градат и „великаните во овој свет.“

Не живејте во сон, не дозволувајте другите да одлучуваат за вашата иднина. Наместо удобност подобро изберете слобода; заменете го парализирачкиот кауч со чевли за да влезете на Божјите патишта и денешниот свет да го заразите со радост – порача Светиот Отец.

„Ве прашувам: сакате ли да бидете млади кои се заспани, опиени? Сакате ли другите за вас да одлучуваат за иднината? Сакате ли да бидете слободни? Сакате ли да бидете будни? Сакате ли да се борите за својата иднина?“ „Драги млади“ – продолжи Папата – „не дојдовме на светот за да „вегетираме“ njime prošli, во него да поминем во комотност“ – напротив дојдовме за да „оставиме впечаток. А има многу луѓе кои не сакаат младите да бидат слободни“ кои „не ви сакат добро, кои сакаат да ве залажат.“ „Не, тоа не! Треба да ја браниме нашата слобода“ – рече Папата.

Ништо не ја оправдува крвта на братот

Пред наговорот на Папата неколку млади сведочеа за своето искуство – меѓу нив и една девојка од Сирија од градот Алепо, кој е многу погоден од војната. „Многу млади живеат во војна тие повеќе не се анонимни, вест во весниците, туку имаат име, имаат лице, имаат историја“ – рече Светиот Отец за Сирија.

„Многу заборавени градови! Никогаш повеќе не смее да се случи браќата да се „опкружени со смрт и убивање“, чувствувајќи се како никој да нема да им помогне.“ Затоа повика на молитва за жртвите на војната „за еднаш засекогаш да можеме да сфатиме дека ништо не ја оправдува крвата на братот, дека нема ништо поскапоцено од луѓето покрај нас.“

Бидете протагонисти, Исус го победува стравот

Папата ги поттикна на младите да одговорат на сонот, Божјата „лудост“ која бара секој во секое животно опкружување да го промени светот со Христос да го надмине стравот кој парализира и ја одзема радоста на средбата и пријателството.

„Ние не сакаме да уништуваме. Ние не сакаме да ја победиме омразата со уште повеќе омраза, да се порази насилството со дополнително насилство, да се надмине теророт со уште терор. Нашиот одговор на тоа во светот кој е во војна има име“ – нагласи – „се вика братство, се вика заедништво, се вика семејство.“ Бог не е окупиран со минатите грешки, туку смета на иднината и за промена на светот го повикува секој кој е подготвен да одговори – порача папата Фрањо на бдението за Светскиот ден на младите.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот