Упатство за автентичноста и чувањето на моштите

Упатство за автентичноста и чувањето на моштите

Новиот документ „Моштите во Црквата – автентичност и чување“, е упатството на Конгрегацијата за прогласување на светци кој го заменува додатокот на упатството „Sanctorum Mater.“

Моштите во Црквата секогаш биле во центарот на посебно внимание и почитување, затоа што телото на блажените и светците, кои го чекаат воскресението, на земјата биле жив храм на Светиот Дух и средство за нивната светост, која Апостолскиот Престол ја признава преку беатификација и канонизација – е истакнато во упатството на Конгрегацијата за прогласување на светци, насловено „Моштите во Црквата – автентичност и чување.“ Новиот документ кој го заменува додатокот на упатството „Sanctorum Mater“, е наменето за епископите и оние кои со правото се изедначени со нив.

Автентичност на моштите

Во документот се наведува канонската постапка која треба да се изврши за да се провери автентичноста на моштите и посмртните останки, и да се загарантира нивното чување. Моштите на блажените и светците – е истакнато во упатството – не можат да бидат изложени на почитување од верниците без да биде дадена потребната потврда од црковните власти која ја гарантира нивната веродостојност.

Посебни постапките на моштите

Освен тоа, опишана е постапката за промовирање на почитувањето на моштите, по пат на возможни посебни постапки  како што е канонското утврдување, земање на делови од моштите и нивно чување, пренесување и поделба на моштите. Во упатството исто така се потсетува на постапките кои треба да се направат за да се добие дозвола од Конгрегацијата за прогласувањето на светците, и потоа тие постапки да се остварат. Наведена е постапка која треба да се почитува во случај на поклонение на мошти.

Моштите треба да се чуват во садови одредени за таа намена кои треба да бидат запечатени и да се чуваат на места на кои може да се гарантира сигурноста, почитувањето на светоста и поддржување на почитувањето. Освен тоа треба да се чуваат и почитуваат во побожен дух, да се избегнува секој облик на суеверија и недозволена трговија.

Посмртните останки на слуга Божји и чесен слуга Божји

Во упатството потоа се потсетува на дисциплината која се однесува на посмртните останки на слуга Божји и на чесен слуга Божји, чии постапки за беатификација и канонизација се во тек. Сѐ додека не се воздигнат на чест на олтарот, на нивните посмртни останки не смее да им се изразува никакво јавно почитување, ниту можат да ги уживаат привилегиите кои се задржани само за телото на оние кои се прогласени за блажени и светци – се вели во документот.

Надлежност на епископот и епархот

Епископот на дијацезата или епархијата со претходно одобрение од Конгрегацијата за прогласување на светци е надлежен за извршување на сите евентуални ангажмани на моштите или на посмртните останки. Пред преземањето на било која постапка потребно е да се добие согласност од наследникот. Ако моштите на некој блажен или светец треба да се носат на ходочастие во друга бискупија или епархија, епископот треба да добие потпишана дозвола од секој епископ на чија територија тие ќе престојуваат.

Преглед на моштите

Во документот исто така се одредува дека тие кои учествуваат во зафатите на моштите треба пред тоа да положат заклетва или да ветат дека верно ќе ја завршат својата задача. Моштите или посмртните останки треба да бидат поставени на маса, покриени со достојна ткаенина, за стручњаците по анатомија да можат да ги исчистат од прашина и од други нечистотии.

Забранета е трговија и продажба на мошти

На крајот од упатството се истакнува дека е апсолутно забрането тргување (односно размена на некои мошти во натура или пари) и продажба на мошти (односно отстапување на сопственоста на некои мошти по договорена цена) како и нивно изложување на профани и неовластени места.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот