Папата до италијанските ходочасници: Градете куќа врз карпата на молитвата и братската заедница
Папата Фрањо во сабота 17 септември 2022 година се сретна со скоро 1.500 луѓе од две италијански бискупии и ги покани да бидат „живи камења“ за градење на заедницата.
Две различни групи, а една средба со Папата во салата на Павле VI. Светиот Отец се сретна со верниците од бискупијата Алесандрија и со кризманиците од бискупијата Сполето-Норкија: најпрво се обрати до првата група, истовремено забележувајќи колку е убаво да се биде заедно, бидејќи младите се како „расцветани цвеќиња“ и со нив се доживува чувството на покомплетно семејство.
Учењето на свети Пио V. денес е актуелно
Повод за ходочастието на верниците од Алесандрија е 450-годишнината од смртта на Свети Пиј V, роден во Боско Маренго. „Тој беше реформатор на Црквата, кој носеше храбри одлуки, рече за него папата Фрањо, додавајќи дека оттогаш се променил стилот на управување со Црквата.
„Столбот на неговиот живот беше верата“, нагласи Папата, додавајќи дека учењата на неговиот претходник е корисно и денес.
„Најпрво нѐ повикуваат да бидеме „трагачи по вистината“. Исус е Вистината, не само во универзална смисла, туку и во општа и лична смисла; а денешниот предизвик е да се живее таа потрага по вистината во секојдневниот живот на Црквата, христијанските заедници. Оваа потрага може да се случи само преку лично и заедничко расудување поаѓајќи од Божјото слово“.
Литургијата е извор на животот во заедницата
Средбата со Словото ја прави заедницата да расте: во спознанието за Исус и во животот на заедницата, кој мора да биде вткаен со врска на љубов и споделување. Божјото слово е особено живо во евхаристиското славење, рече Папата, потсетувајќи повторно на папата Пио V:
„Свети Пио V. учествуваше во реформата на Литургијата на Црквата, а по четири века Вториот ватикански собор спроведе понатамошна реформа за подобро да одговара на потребите на денешниот свет. Во последните години многу се зборува за Литургијата, особено за нејзините надворешни облици. Но, најважно е да се погрижиме евхаристиското славење навистина да стане извор на живот во заедницата“.
Молитвата е поттик за мисијата на Црквата
Литургијата нè менува, нè воведува во животот Христов и потоа нè принудува конкретно да дејствуваме за другите, истакна Папата, а потоа потсети на заложбата на свети Пио V. да се препорачува во молитвата, особено во Бројаницата. Светиот Отец истакна дека Делата на светите апостоли ни го враќаат ликот на Црквата во движење, вредна Црква, која пак наоѓа основа и поттик за мисионерска дејност на молитвените средби. Всушност, за првите христијани читаме: „И беа постојани во учењето апостолско, во општувањето, во кршењето леб и во молитвите.“ (Дела 2:42).
Верниците од Александрија, кои се на патот на пасторална обнова, Папата ги потсети на зборовите од Evangelii gaudium, односно дека сите заедници треба да ги вложат „потребните средства за да напредуваат на патот на пасторална и мисионерска преобразба, која не може да ги остави работите какви што се. „Само администрација“ денес веќе не е доволна. Да се трудиме да воведеме во сите краишта на светот „постојана состојба на мисии“ (бр. 25).
Поканата на Папата е за време на ова синодално патување да се доживее раст на братската заедница меѓу бискупите, свештениците и верниците и моли за Божји благослов, Господ да го направи патувањето плодно.
Христијанскиот живот се темели на крштението, миропомазанието го потврдува
Светата Тајна миропомазание е исто така патување, истакна Папата, обраќајќи им се на кризманиците од Сполето-Норци, наведувајќи дека тоа „го оживува искуството на првите Исусови ученици“. На тие имиња може да се додадат и своите, оние примени на денот на крштението, додаде Папата. Потоа ги праша младите дали го знаат датумот на нивното крштение.
„Важно е! Посебно е важно за вас кои сте кризманици, бидејќи со миропомазанието се потврдува крштението. Затоа се вика и потврда. Христијанскиот живот е дом изграден врз основа на крштението. Секогаш. На единаесет, на дваесет, на четириесет, на осумдесет. Основата е секогаш иста: крштението. Затоа е важно да се потсетиме на денот кога сме крстени, но и да го славиме!“
Секој од вас е жив камен
Папата Фрањо потсети како децата кои доаѓаат од областите оштетени од земјотресот, знаат што значи да се има цврста куќа која не се руши. Се осврна на нивното барање за благослов на каменот од старата опатија Сант Еутицио, кој му го донесоа, за да биде симбол на неговото обновување.
„Еве, момци и девојки, денес го благословувам секој од вас да стане жив камен за градење на христијанската заедница: жив камен во семејството, жив камен во парохијата, жив камен во друштвото на пријатели, жив камен. во спортска средина … и така натаму. Да бидете живи камења: тоа е можно преку силата на Светиот Дух, кој во миропомазанието ве потврдува дека сте крстени, деца Божји и членови на Црквата“.
Ватикан њуз/к.мк7