Папата до Аргентинските епископи: Црквата е мисионерска, а не себична

Ватика, 18.4.2013 /к.мк/ – Црква, која не може да излезе сама од себе, порано или подоцна ќе се разболи во разгалена атмосфера во просториите во кои е затворена”. Ова го пишува папата Фрањо во порака упатена до Аргентинските епископи кои до 20 април се собрани во Богородичното светилиште Пилар, одржувајќи го своето пленарно заседание. „Ако е вистина, како што се случува кај секој, излегувајќи од дома може да ни се случи некоја незгода, сакам илјада пати повеќе Црква со последиците од незгодата, отколку болна Црква”, пишува Папата. „Карактеристична болест за Црквата е себичноста, да гледа само за себе и да се затвори во себе”. Во својата порака до своите колеги, на кои се извинува дека не може да присуствува, поради новите обврски папата Фрањо зборува за нарцизмот кој води кон „световна духовност и софистициран клерикализам, но не може да ја искаже убавата и утешна радост на евангелизација”. Пастирското делување треба да се разбере како потполно мисионерско, наведува Папата. Пораката завршува со „посебен поздрав до Аргентинците и братска прегратка до епископите”, повикувајќи ги да се молат за него, „за да не се возгордее“ – пишува папата Фрањо – за да биде способен да го слушне „тоа што што Бог ми го говори, а не она што јас го посакувам”.

 

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<