Папата: Добриот свештеник околу себе создава мир
Свештеникот не е ригиден „пасторален професионалец“, туку човек кој секогаш е близок со луѓето како татко или брат, а над сè е апостол на евангелската радост – рече папата Фрањо на аудиенцијата со учесниците на средбата организирана од Конгрегацијата за клер.
Свештеникот не е ригиден „пасторален професионалец“, туку човек кој секогаш е близок со луѓето како татко или брат, а над сè е апостол на евангелската радост. Добриот свештеник околу себе создава мир, а свештеникот кој често е тажен, нервозен или има тежок карактер не прави добро ниту на себе ниту на луѓето кои му се доверени – рече папата Фрањо на аудиенцијата со учесниците на средбата организирана од Конгрегацијата за клер по повод 50 годишнината од соборските документи Optatam totius и Presbyterorum ordinis.
За да се сфати свештеничкото звање – нагласи Папата – потребно е да се разберат три работи: свештениците се „земени од луѓето“, тие се „поставени заради луѓето“ и се „присутни меѓу луѓето“. И свештеникот има биографија, тој не никнува ненадејно како „печурка“ кога ќе се ракоположи во катедралата. Важно е воспитувачите, а и самите свештеници тоа да го имаат на ум и да ја земат во предвид личната историја во текот на формацијата.
Основото подрачје на човечката формација за свештеник е семејството кое исто така е „центар на пасторално делување“ и може многу да придонесе за негувањето на звањето. Добриот свештеник е пред сè човек со својата човечност кој ја познава сопствената историја – со нејзините богатства и рани – и знае со неа да се помири стекнувајќи така длабок мир. Тој мир е ознака за Господовите ученици – рече Папата, заклучувајќи дека затоа за свештениците е потребна човечката формација за да научат со нив да не владеат личните ограничувања, туку добро да ги искористат своите таленти.
Ве молам верниците да не страдаат заради нервозниот свештеник… Немојте да се „испукувате“ на верниците бидете им сте блиски во срцето – поттикна Светиот Отец, објаснувајќи дека свештеникот е „човек на мирот“ кој е спокоен дури и за време на тешкотии. Нашата човечност – како што се изрази – е „глинен сад“ во кој го чуваме Божјото богаство. Заради тоа треба да се внимава да се заштити.
Папата Фрањо исто така ги потсети собраните дека се повикани да им служат на браќата и сестрите. Не сме свештеници поради самите себе и нашето посветување е блиско поврзано со посветувањето на нашиот народ, нашето помазание со нивното помазание – истакна Светиот Отец. Додаде дека свештениците треба да бидат авторитативни, но не авторитарни; цврсти но не груби; радосни, но не површни. Накратко треба да бидат пастири, а не функционери.
Искрено ќе ви кажам се плашам од ригидни, крути свештеници… Далеку од нив! Ќе те каснат! Без Господ слугата станува ригиден и таа е опасноста за Божјиот народ – рече Папата. Исто така рече дека некои епископи се разделени од своите свештеници, никогаш не престојувајќи во своите бискупии, постојано на пат. „Ако не ти се останува во бискупијата, повлечи се и оди во светот, вршејќи го својот друг многу добар апостолат. Но ако ти си епископ“ – рече Папата – престојувај таму и биди им близок.
Папата Фрањо нагласи дека свештениците треба да останат со својот народ, да не се однесуваат спрема своето звање како кон „работа која се завршува, а потоа се оди да се живее одвоен живот“. Доброто кое може да се направи произлегува на прво место од нивната близина и љубовта кон луѓето. Свештениците не се филатропи или вработени, туку татковци и браќа – заврши Папата.
РВ/к.мк/Д.И.