Добриот пастир кој Го следи Исуса, а не парите и партиите и кога сите би го напуштиле на негова страна секогаш ќе го има Господ; може да биде тажен, но никогаш огорчен – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 18 октомври 2016 година служена во капелата на домот Света Марта.
Коментирајќи го делот од Второто Послание на свети Павле до Тимотеј, Папата говореше за крајот на апостолите, кои како Павле на крајот од животот ја искусуваат осаменоста во неволја: осамени, жртви на бес, напуштени и како просјак моли нешто за себе.
Останал сам, молејќи, жртва на гнев, напуштен. Но, тој е големиот Павле оној кој го слушнал Божјиот глас, Господовиот повик; оној кој од едниот крај заминал на другиот, кој заради навестувањето на Евангелието многу претрпел, кој апостолите ги уверувал дека Господ сака и поганите да влезат во Црквата; тој е големиот Павле кој во молитвата се воздигнал до седмото небо и слушнал работи кои никој порано не ги слушнал: големиот Павле, во собата во една куќа овде во Рим, чекајќи како ќе заврши борбата во Црквата помеѓу засегнатите страни; помеѓу еврејската суровост и неговите верни ученици. Животот на големиот Павле завршува во тага: не во негодување и горчина, туку со внатрешна осаменост – рече Папата.
Така се случило и со Петар и со големиот Иван Крстител кој „сам и вознемирен во самица“ ги испраќа своите ученици да го прашаат Исус дали Тој е Месијата, а завршува со отсечена глава „заради каприц на една танчерка и осветата на една прељубница.“ Така се случило и со Максимилијан Колбе кој основал едно апостолско движење во целиот свет и многу големи работи, а умира во самица во концентрационен логор. Кога апостолот е верен тогаш не очекува поинаков крај од оној на Исус. Но, Господ му е во близина, не го остава, а во тоа е неговата сила. Така умира Павле. Законот на Евангелието е овој: семето на житото не умира, туку донесува плод. Потоа доаѓа воскресение, а еден теолог од првите векови тврди дека крвта на мачениците е семето на христијаните – потсети Папата.
Умирајќи како маченици, како Исусови сведоци тоа е семе кое донесува плод и земјата ја населува со нови христијани. Кога така живее пастирот не е огорчен: можеби е напуштен, но е сугурен дека со него е Господ. Ако пастирот во својот живот се занимава со други работи, а не за верниците, ако копнее за власт, ако е наврзан на парите и на многу нешта – на крајот нема да биде сам, можеби со него ќе бидат внуците кои ја чекаат неговата смрт за да видат што можат со себе да понесат – рече Папата додавајќи:
Кога одам да посетам некој дом за свештеници гледам многу добри свештеници кои се истрошиле за верниците. Тие се во домот, неподвижни, во инвалидска количка, но со насмевка на лицето. Добро се затоа што чувствуваат дека Господ е со нив. Исто така и оние кои имаат светли очи прашуваат: Како оди во Црквата? Бискупијата? Има ли звања? Задоволни се затоа што животот го дале за другите – рече Папата и повторно се осврна на крајот на свети Павле.
Добриот пастир е како свети Павле: сам, просјак, жртва на гнев, од сите оставен, но не од Господ Исус: „Само Господ ми беше блиску!“ Добриот пастир треба да биде сигурен дека Господ ќе биде со него сѐ до крајот ако оди по Исусовиот пат. Да молиме за пастирите кои се на крајот од својот живот и чекаат Господ да ги води со Себе. Да го молиме да им даде сила, утеха и сигурност дека Бог е со нив, дека им е блиску, иако се болни и сами. Нека Господ им даде сила – заврши папата Фрањо.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк