Папата: Дијалогот гради таму каде се уништува

Пред Генералната аудиенција одржана на плоштадот Свети Петар на 4 мај година папата Фрањо се сретна со учесниците на четвртиот колоквиум со „Царскиот институт за меѓурелигиски истражување“ (Royal Institute for Interfaith Studies) од Аман.

На колоквиумот се разговара на тема за заедничките вредности на верниците и граѓаните во општествениот и политичкиот живот, а го организираше Папскиот совет за меѓурелигискиот дијалог. На аудиенцијата беа присутни кардинал Жан Луј Туран претседател на спомнатиот совет и јорданскиот принц Ел Хасан бин Талал кој го основал институтот за да се промовираат односите меѓу христијанството и исламот.

Папата изрази благодарност за таа средба и со радост се присети на својата посета на Јордан во 2014 година, истакнувајќи дека со себе носи убаво сеќавање од тоа патување. Осврнувајќи се потоа на колоквиумот напомена дека тој значи делување со цел градење. Живееме во време во кое сме научени на воени уништувања. А работата заради дијалог и приближување секогаш ни помага во градењето – рече папата Фрањо.

Истакнувајќи дека на таквите средби најважен збор е „дијалог“ рече дека дијалогот значи излегување од себе, зборови и слушање на зборовите на другиот. Така тие два збора се среќаваат, се среќаваат две мисли. Тоа е првиот дел од патот. По таа средба на зборовите се среќаваат срцата и започнува дијалогот на пријателство кој завршува со стисок на раката. Збор, срце, рака. Едноставно! Тоа го знае и дете… – рече Папата и запраша – Зошто тоа не би го направиле? Тој е мал чокор во градењето на пријателства, општества. Сите имаме заеднички Отец – додаде – браќа сме. Одиме по тој пат затоа што тоа е убаво! – поттикна Папата и на крајот рече – Понизно ве молам да молете за мене, а јас ветувам дека ќе се молам за вас.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот