Папата: Децата и старите луѓе ја градат иднината на народите

Папата: Децата и старите луѓе ја градат иднината на народите

Дајте му на општеството важен пример за грижа и нежност посебно кон децата и старите луѓе – поттикна папата Фрањо поздравувајќи повеќе од 300 членови на Заедницата Номаделфија која на 17 декември 2016 година ги прими во аудиенција.

Светиот Отец го спомна искуството на нивниот основач дон Зенo Салтини и истакна дека кој ги прифаќа слабите го сака Христа.

Вашето духовно наследство на посебен начин е поврзано за живот во братство обележан најмногу со прифаќањето на децата и посебна грижа за старите луѓе. (…)

Давајте му го на општеството тој пример на грижа и толку важната нежност – ги поттикна папата Фрањо и истакна – Децата и старите луѓе ја градат иднината на народите: децата затоа што ќе ја збогатат историјата; а старите луѓе затоа што го пренесуваат искуството и мудроста на својот живот. Немојте да се изморите во негувањето и охрабрувањето на тој дијалог меѓу генерациите, правејќи од својата вера ѕвезда Северница, а од Божјото Слово главна лекција која треба да се усвои и конкретно да се живее во секојдневниот живот. Така ќе бидете способни сѐ повеќе да ја имитирате Божјата близина со луѓето и да го гледате во најслабите луѓе сликата на Детето Исус – истакна Папата.

Дон Зено храбрар сведок на љубовта

Спомнувајќи го основачот на заедницата дон Зено Салтини Светиот Отец рече дека иако во тешкотиите и недоразбирањата одел напред со доверба за доброто семе на Евангелието да го донесе и на најнеплодното тло. И успеал! – истакна папата Фрањо. Вашата заедница Номаделфија е доказ. Дон Зено денес се покажува како пример за верен Христов ученик кој наследувајќи го божествениот Учител се наведнува над страдањето на најслабите и најсиромашните станувајќи сведок на неисцрпната љубов. Нека неговата храброст и истрајност ви бидат водич во вашето секојдневно заземање – поттикна Светиот Отец.

Кој ги прифаќа сабите го сака Исуса Христа

Потоа потсети дека оној кој ги храни и прифаќа сиромашните го сака самиот Син Божји и напротив кој одбива или заборава еден од најслабите го занемарува самиот Бог. Во Божиќ Бог се покажува, не како оној кој стои високо, туку како оној кој се снижува попримајќи кревок лик на дете. На тој начин Бог нѐ поучува дека не смееме да бидеме над другите, туку дека сме повикани да се снижиме да им служиме на слабите со љубов, затоа што ако Бог преку доаѓањето на својот Син бил толку обземен за човекот така што станал еден од нас, исклучувајќи го гревот, од тоа произлегува дека без разлика што ќе направиме на еден од најмалите ќе му го направиме на Него – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот