Папата: Да се проучи улогата на жената во Првата Црква

Папата на членовите на Унијата на монашки поглаварки им рече дека би било добро да се формира комисија која ќе го проучи прашањето за ѓакони жени во Црквата. Исто така се осврна на причините заради кои лаиците – со тоа и жените вклучувајќи ги и монахињите  – не можат да проповедаат на светата Литургија.

Папата Фрањо изјави дека би било добро да се формира комисија која ќе ги проучува прашањата за ѓаконството во Црквата. Истотака се осврна на причините заради кои лаик – со тоа и жените вклучувајќи ги и монахињите – не можат да проповедат на светата Литургија. На тие теми Папата зборуваше на 12 мај 2016 година на аудиенцијата со членовите на Унијата на монашките поглаварки и одговараше на нивни прашања во салата Павле VI.

Во текот на долгиот разговор без подготвен текст Светиот Отец ги повика жените со посветен живот да го избегнуваат ризикот од „феминизам“ од една страна и „сервилноста“ во Црквата од друга страна, определувајќи се за „служење“. На прашањето за присуството на жените во процесите на одлучување во Црквата, Папата рече дека се согласува за зголемување на нивните одговорности на различни нивоа, во прашањата кои не се однесуваат на овластувања поврзани со светата Тајна на светото ракополагање. Женското сфаќање – рече – може да го збогати процесот на утврдување и донесување на одлука.

Жена ѓакон (служителки)

Една монахиња го праша Папата за можноста на жени ѓакони со оглед на тоа дека во раната Црква постоеле жени ѓакони и предложи формирање на официјална комисија која би го проучила тоа прашање. Иако прашањето за свештеничкото ракополагање на жени дефинитивно и без заблуда е исклучено (Ordiatio Sacerdotalis), во последните децении некои како кардинал Валтер Каспер или надбискупот Пол Андре Дурочера предложија жените да можат да пристапуваат во ѓаконството – првиот степен од свештеничкото ракополагање.

Папата Фрањо на прашањето за жени ѓакони рече дека за тоа разговарал со еден „добар, мудар професор“ кој ја проучувал темата за жени ѓакони во раните векови на Црквата и кој  му објаснил дека нивната улога примарно била поврзана со помагање на епископот при крштавање на жена, бидејќи тогаш крштението се вршело со потопување во вода на гол катехумен.

Папата рече дека точната улога на жената ѓакон во раната Црква сè уште е нејасна. Рече дека идејата за формирањето на официјална комисија за проучување и утврдување на тоа прашање е добра и дека за тоа ќе разговара со други надлежности, вклучувајќи ги членови на Конгрегацијата за наука на верата.

Меѓутоа прашањето за жена ѓакон веќе беше предмет на пошироко проучување во Црквата. Меѓународно теолошката комисија советодавно тело на Конгрегацијата за наука на верата во 2002 година како резултат на петгодишната работа објави документ за ѓаконството во кој се разработува и прашањето за жената ѓакон во раната Црква.

Во документот се заклучува дека тие не се аналогни на денешните мажи светотаински ракоположени ѓакони и истакнува дека немале литургиска или светотаинска функција, наведувајќи го Constitutiones Apostolorum од IV век. Тој древен црковен документ ја сумирал финкцијата на ѓакон жена на следниот начин: „Жената ѓакон не благословува, не прави ниту една друга работа која свештениците и ѓаконите ја прават, туку се грижи за влезот и му помага на свештеникот во текот на крштевањето на жена заради чистотата.“ На жените ѓакони и било забрането да поделуваат Крштение или да имаат улога во евхаристиската жртва и „ништо не правеле без ѓакони.“

Во документот на Меѓународно теолошката комисија се истакнува дека „животот на жена ѓакон бил многу сличен на монахиња.“ Иако историјата покажува постоење ред на жена ѓакон – како што постојал и ред на девици и вдовици – документот напоменува дека тој „нееднакво се развил“ во разни делови на Црквата и дека не може да се смета за женски еквивалент на машкиот ѓаконат. Во прилог на тоа говори фактот дека жените ѓакони не биле дел од структурата на „седумте редови“ – вратар, читач, егзорцист, аколит, подѓакон, ѓакон и свештеник. Покрај тоа во раната Црква постоеле многу „редови“ во кои верниците биле вклучени во молитвата, па дури и во полагањето на рака, но кои не биле дел од светата Тајна свештеничко ракополагање како девица, катехумен, покорник или дури копач на гробови.

Кардинал Герхард Лудвиг Милер – тогаш како член на Теолошката комисија – по објавата на тој докумет за ѓаконството во разговор за агенцијата Зенит рече дека улогата која жените денес ја имаат како професорки по теологија и пасторални работници „далеку го надминува она што жените ѓакони го работеле во раната Црква.“ Повторното формирање на редот на жена ѓакон – рече – „би било само забавен анахронизам.“

Жените и проповедањето во рамките на светата Литургија

На прашањето за одржување на хомилија во рамките на светата Литургија Папата направи разлика во проповедање надвор од евхаристискиот контекст што тоа жените го можат без проблем, од хомилијата во текот на светата Литургија која е во надлежност на ракоположен маж  – ѓакон, свештеник или епископ. Затоа предупреди на две искушенија: феминизам – со оглед дека жената во Црквата имаат високо достоинство кое произлегува од Крштението – и клерикализмот кој се случува кога свештениците се обидуваат „сами да ја водат сопствената парохија, без поттикнување на синодалност и соработка, подржани лаици кои од удобност се даваат на „клерикализам.“

Поголемо присуство на монахињи во дикастериите

Исто така посака поголемо присуство на монахињи во дикастериите и на средбите кои се однесуваат на нив. Истакна дека треба да се цени „мајчинството“ кое монахињите го искажуваат, грижејќи се за маргинализираните. Покрај тоа ги осуди искривувањата кои се случуваат во одредени случаи кога присуството на сестрите не е посветено на грижа за душите, туку исклучиво на „сервилна служба во парохиската канцеларија.“

Едно прашање беше допрено за чувството на „провизорноста“ кое ги зафаќа многу млади пред животното посветување. Светиот Отец го истакна проблемот на оскудна подготовка на свршениците за брак, а во однос на посветениот живот потсети на свети Винко Павелски кој за одреден вид на служба предност давал на полагањето на привремени завети.

„Мистичниот живот“ не значи да се „биде мумија“

Папата понатаму имаше остри зборови за „трговијата“ која понекогаш се случува во давањето на светите Тајни и ја нагласи важноста за зачувување на вредностите на сиромаштво во посветениот живот. Сиромаштвото штити од грешки и произлегува од самите харизми, но не треба истовремено да се потцени потребата за грижа и управувања со добрата.

Освен тоа на Папата му е поставено прашањето за етикетата „социјална активистка“ која им се лепи на многу монахињи во служба на најсиромашните. Истакна дека секој човек со посветен живот треба да има „мистичен живот“, но тоа не значи да „биде мумија“. Ако харизмата бара служење тоа треба и да се прави без оглед на ризикот од озборување или клевета.

Аудиенцијата Светиот Отец ја заврши повикувајќи ги монахињите да дадат доволно простор за одмор и да не заборават да се советуваат со постарите или болните сестри за кои се грижат во манастирите: тие со своето искуство и мудрост – рече Папата – се сеќавање на институцијата посветен живот.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот