Правните експерти се спротивставија на контроверзниот извештај: „Како кардинал, Бенедикт XVI не прикривал случаи на сексуална злоупотреба“

Правните експерти се спротивставија на контроверзниот извештај: „Како кардинал, Бенедикт XVI не прикривал случаи на сексуална злоупотреба“

„Во ниту еден од случаите што ги анализираше вештакот Јозеф Рацингер не знаел за сексуалната злоупотреба или не се сомневал во сексуална злоупотреба. Вештачењето не дава никакви докази за спротивното“, велат група правни експерти.

Покрај писмото испратено од почесниот папа Бенедикт XVI во врска со извештајот за злоупотреба во надбискупијата Минхен-Фрајзинг, неговите соработници подготвија и проверка на факти.

Анализата, која е додаток на писмото на почесниот папа Бенедикт XVI во преводот на порталот Католици.мк, ја пренесуваме во целост:

Писмо од почесниот папа Бенедикт XVI по објавениот контроверзен извештај

Во извештајот за злоупотребите во надбискупијата Минхен Фрајзинг стои:

Јозеф Рацингер, спротивно на она што тој го тврдеше во меморандумот составен како одговор на експертите, беше присутен на состанокот на Ординаријатот на 15 јануари 1980 година, кога се расправаше за свештеникот Х. А, се тврди дека кардиналот Рацингер го ангажирал овој свештеник во пасторална работа, иако бил свесен за злоставувањето што го направил и на тој начин го прикрил неговото сексуално злоставување.

Тоа не одговара на вистината, според нашите проверки:

Јозеф Рацингер не знаел дека свештеникот Х. бил злоставувач, ниту дека бил вклучен во пасторална дејност.

Од записникот се гледа дека на состанокот на Ординаријатот на 15 јануари 1980 година не е одлучено свештеникот X. да се ангажира во пасторална дејност.

Од записникот се гледа и дека на предметниот состанок не било споменато дека свештеникот извршил сексуална злоупотреба.

Станувало збор исклучиво за сместувањето на младиот свештеник Х. во Минхен бидејќи таму морал да оди на терапија. Ова барање било одобрено. Причината за терапијата не била наведена на средбата.

Од тука на состанокот не било одлучено насилникот да се ангажира во пасторална работа.

Во извештајот за злоупотребите за надбискупијата Минхен Фрајзинг стои:

Со оглед на неговото присуство на состанокот на Ординаријатот на 15 јануари 1980 година, Бенедикт XVI свесно даде погрешна изјава – излажа.

Ова всушност не е точно:

Потврдата содржана во мемоарите на Бенедикт XVI дека тој не присуствувал на состанокот на Ординаријатот на 15 јануари 1980 година, е навистина неточна. Сепак, Бенедикт XVI не лажел, ниту пак свесно дал лажна изјава.

Во составувањето на мемоарите, Бенедикт XVI. имаше поддршка од група соработници. Таа беше составена од: адвокат д-р Карстен Бренеке (Келн) и соработниците за црковно право професор д-р Стефан Мукл (Рим), кој по барање на Бенедикт XVI. ги прегледа документите; проф. д-р. Хелмут Пре и д-р Стефан Корта. Соработниците беа повикани затоа што Бенедикт XVI. не можел самостојно да ги анализира бројните прашања за краток рок и бидејќи адвокатската канцеларија задолжена за вештачење поставувала прашања кои се однесуваат на канонското право, па така за одговорите била потребна рамка од канонско право. Само на професор Мукл му беше дозволено да ги прегледува документите по електронски пат, но не му беше дозволено да снима, печати или фотокопира било какви документи. Ниту еден друг соработник не смеел да ги види документите. Откако професор Мукл ги прегледал и анализирал дигиталните документи (8.000 страници) д-р Корта извршил понатамошна обработка, при што направил ненамерна грешка во транскрипцијата. Д- р Корта во забуна забележал дека Јозеф Рацингер не бил присутен на состанокот на Ординаријатот на 15 јануари 1980 година. Соработниците го пропуштиле овој погрешен запис за отсуство, кој не се случил.

Тие се потпреа на погрешно вметната лажна назнака бидејќи не го прашале директно Бенедикт XVI. дали бил присутен на таа средба. Наместо тоа, врз основа на погрешен препис од записникот, претпоставиле дека Јозеф Рацингер не бил присутен. Бенедикт XVI поради големото брзање, за само неколку дена морал да се потсети, со оглед на временските ограничувања што му ги наметнале експертите, не ја забележал грешката, но поверувал на наводниот препис за неговото отсуство.

Со оваа грешка во транскрипцијата не може да му се препише на Бенедикт XVI како свесна лажна изјава или „лага“.

Згора на тоа, нема смисла Бенедикт намерно да го негира своето присуство на состанокот: всушност, записникот од состанокот содржи изјави на Јозеф Рацингер. Затоа, присуството на Јозеф Рацингер е очигледно. Покрај тоа, во 2010 година, неколку написи во весници објавија – без подоцна демантирање – за присуството на кардиналот Рацингер на состанокот. Слично на тоа, во биографијата на Бенедикт XVI објавена во 2020 година се вели: „Како бискуп, за време на состанокот на Ординаријатот во 1980 година, тој само се согласил дотичниот свештеник да може да дојде во Минхен на психотерапија“ (Петер Севалд, Бенедикт XVI, Дромер Верлаг 2020 г. стр. 938).

Во извештајот се тврди дека:

Вештачењето го товари и Бенедикт XVI за недолично однесување во три други случаи. Всушност, и во овие случаи, тој знаел дека свештениците се злоставувачи.

Ова не одговара на вистината, според нашите проверки, всушност:

Во ниту еден од случаите што ги анализирал вештакот, Јозеф Рацингер не знаел за направена сексуалната злоупотреба или не се сомневал во сексуална злоупотреба од страна на свештениците. Во извештајот од вештачењето не се дадени никакви докази за спротивното.

Во случајот со свештеникот X, за кој јавно се разговарало на состанокот на Ординаријатот во 1980 година за сместувањето, кое му се дава заради терапија, истиот експерт – на прес-конференција на 20 јануари 2022 година по повод извештајот за злоупотреба – рече дека нема докази дека Јозеф Рацингер бил свесен за тоа. На прашањето на новинарите дали експертите можеле да докажат дека Јозеф Рацингер знаел дека свештеникот X извршил сексуална злоупотреба, вештакот јасно кажа дека нема докази дека Јозеф Рацингер за тоа знаел. Само според субјективното мислење на експертот тоа би било „поверојатно“.

Прес-конференцијата е достапна на овој линк: https://vimeo.com/668314410

На 2:03:46 може да се слушне новинарското прашање: „Моето прашање, исто така, сè уште важи и за случајот со свештеникот X. Дали адвокатската канцеларија може да докаже дека кардиналот Рацингер во тоа време бил свесен дека свештеникот Х бил злоставувач? Што значи „најверојатно“ во овој контекст?“ (“)

Стручњакот одговара: „(…) Поверојатно значи дека претпоставуваме со поголема веројатност (…)”

Вештачењето не содржи докази за тврдењата за недолично однесување или завера за било какво прикривање.

Како надбискуп, кардиналот Рацингер не учествувал во никакво прикривање на дела на злоупотреба.

Во извештајот се наведува дека:

Во своите мемоари, Бенедикт XVI наводно го минимизирал чинот на егзибиционизам. Како доказ за ова тврдење, во мемоарите е дадено следново укажување: „Парохот Х. е забележан како егзибиционист, но не и како злоставувач во вистинска смисла“.

Ова всушност не одговара на вистината:

Во своите мемоари, Бенедикт XVI. не го минимизира егзибиционистичкото однесување, туку изрично го осудува. Фразата што се користи како наводен доказ за минимизирање на егзибиционизмот е извадена од контекст.

Во мемоарите, имено, Бенедикт XVI. со најголема јасност вели дека злоупотребите, вклучително и егзибиционизмот, се „страшни“, „грешни“, „морално за осуда“ и „непоправливи“. Во канонската оценка за настанот, која ние соработниците ја вметнавме во мемоарите и ја искажавме според наша проценка, имаше само желба да потсетиме дека според тогашното канонско право егзибиционизмот не бил кривично дело во ограничена смисла, бидејќи меродавната казнена норма во случајот не вклучувала таков вид однесување.

Така, мемоарите на Бенедикт XVI не го минимизираа егзибиционизмот, туку јасно и изрично го осудија.

Оваа проверка на фактите соработниците ја подготвија на германски јазик. Во случај на какви било јазични несовпаѓања при преводот, предност има германската верзија.

Професор д-р Стефан Мукл – Рим (Канонско право)

Професор ем. д-р д-р маг. Хелмут Пре – Универзитетот Лудвиг-Максимилијан во Минхен (Канонско право)

Д-р Стефан Корта – Бухлое (Црковно право)

Адвокат д-р Карстен Бренеке – Келн (Право на слобода на изразување)

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот