Папата го прими јапонскиот премиер

Светиот Отец во петок 6 јуни 2014 година во Апостолската палата го прими во аудиенција јапонскиот премиер Шинѕо Абе, кој потоа се сретна со државниот секретар, кардинал Пјетро Паролин, како и со секретарот за односи со државите, кардинал Доминик Мамберти, стои во сооштението од Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

За време на срдечните разговори, истакнати се добрите односи помеѓу Јапонија и Светиот Престол, како и соработката на Црквата и државата на воспитно и општествено поле, како и на полето на здравство. Во продолжение на разговорите се допрени теми од регионален и меѓународен карактер, со посебен осврт на иницијативите за промовирање на мир и стабилност во Азија; за заземањето на Јапонија во соработката за развој, посебно во Африка, како и на потребата од внимателност во поглед на животната средина и нуклеарното вооружување – се вели во соопштението.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот