Папата го прими претседателот на Уганда
Сегашните воени конфликти во Африка и добрите односи меѓу Светиот Престол и Република Уганда се главните теми од срдечниот разговор меѓу папата Фрањо и претседателот на Уганда Јовери Кагута Мусевени кој го прими на аудиенција на 27 октомври.
За време на разговорите – стои во соопштението од Ватиканскиот прес центар– „ е истакнат важниот придонес на Католичката црква во земјата и нејзината соработка со различните воспитни, здравствени и социјални институции. Покрај тоа истакнат еи мирниот соживот помеѓу различните социјални и религиозни слоеви во земјата”.
Соговорниците, стои на крајот од соопштението „разговарале и за некои важни прашања од меѓународен карактер, а посебно внимание е посветено намоменталните конфликти во различни делови на Африка”. По средбата со папата Фрањо, Претседателот на Уганда се сретна со Ватиканскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин, придуружуван од архиепископот Доменик Мамберти, секретар на ватиканската канцеларија за односи со државите.
РВ/го*ко