Папата го прими Марио Монти

Ватикан, 27.4.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо во петок навечер, 26 април го прими италијанскиот премиер во оставка Марио Монти. Тема на разговорот беше европската интеграција, ситуацијата во Италија и миграцијата. Ова го изјави во петок вечерта ватиканскиот гласноговорник патер Федерико Ломбарди. Средбата помина во пријатна атмосфера и траеше околу 20 минути.

Папата Фрањо го прими Монти околу 18.00 часот во домот Света Марта. Италијанскиот премиер Марио Монти пред некои време го најави своето повлекување од премиерската функција, но останува на функција додека новиот премиер Енрико Лета ја формира новата влада. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<