Папата го прими аргентинскиот фудбалер Тевез

Напаѓачот на италијанскиот фудбалски гигант Јувентус , Аргентинецот Карлос Тевез во вторник 12 номеври  во Ватикан се сретна со својот сонародник папата Фрањо.

По средбата во Ватикан  Тевез за официјалната интернет страница Јувентус изјави:„Горд сум што папата Фрањо е Аргентинец и е скромен човек“.

Тевез на аудиенцијата на папата Фрањо му го подари својот дрес од Јувентус на кој имаше потписи од сите фудбалери на италијанскиот шампион.

Сезонава Карлос Тевез игра во одлична форма во тимот на Јувентус и во Серија – А на 12 натпревари има постигнато 6 погодоци.

го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот