Папата го посети светилиштето Богородица од Ел Кобре

Светиот Отец на 21 септември 2015 година со кубанските епископи го посети светилиштето Богородица од Ел Кобре, во близна на градот Сантијаго де Куба.

Пред стотина години папата Бенедикт XV ја прогласи Богородица од Ел Кобре за заштитничка на Куба. Папата Фрањо се задржа неколку минути седејќи во молитва, а потоа стоејќи на Блажена Девица Марија ја довери иднината на кубанскиот народ и нивната земја.

Милосрдната Девица од Ел Кобре, заштитничката на Куба за време на нејзиното одење низ историјата дојде да го посети нашиот народ и сакаше да остане со нас како Мајка и Богородица на Куба, рече Светиот Отец. Твоето име и твојата слика се врежани во мислите и срцата на бројни Кубанци, во татковината и надвор од неа, како знак на надеж и средиште на братското заедништво.

Папата ја замоли Богородица да ги заштити семејствата, младите и децата, да ги утеши оние кои страдаат. Мајко на помирувањето, собери го својот народ кој е распрскан низ целиот свет. Од кубанскиот народ направи братска куќа за да ги отвори ширум своите мисли, срца и живот за Христос, единствениот Спасител и Откупител – со тие зборови папата Фрањо ја заврши молитвата до Богородица од Ел Кобре.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк.
Категорија: Ватикан

За авторот