Папата го започна своето апостолско патување во Куба
На 18 септември 2015 година Светиот Отец како и обично, во пресрет на своето апостолско патување во Куба и САД, приватно ја посети базиликата Света Марија Велика и во кратка молитва на неа го довери текот и исходот од ова апостолско патување.
На 19 септмеври, во 10.15 часот по средноевропско време, Папата се упати кон римскиот аеродром Фиумичино од каде го започна своето 10. меѓународно апостолско патување.
Слетување на аеродормот во Хавана се случи истиот ден околу 22 часот. После слетување на аеродромот се одржа церемонија, на која Папата беше свечено пречан од државните и црковните власти на Куба, на чело со преседателот нд островската држава Раул Кастро. По одржаниот говор на Папата, се упати во Апостолската нунцијатура, каде го заврши првиот ден од посетата на Куба.
РВ/го*ко