Папата ги прими на аудиенција сестрите Салезијанки
Папата Фрањо, на 8 ноември, ги прими на аудиенција учесничките на генералниот избор за погловарка на салезијанската конгрегација – Ќерките на Марија Помошничка.Говорејќи за некои основни индикатори за нивниот посветен живот, Папата ја истакна перспективата на излезеност: да се почне да се оди кон географските и пограничните предели на егзистенцијата, а со посебно внимание кон сиромашните и – на посебен начин – кон оние кои се исклучени.
Исто така папата Фрањо ја истакна нивната работа со младите, која треба да се движи во верска атмосфера која лично води на поврзаност со Исус, така што истите тие млади би биле понатамошни евангелизатори на други млади. Светиот Отец им порача на Ќерките на Марија Помошничка да бидат пророчко сведоштво и едукативно присуство, изнаоѓајќи ефикасни апостолски патишта во контекст на животот на младите од денес, кој е исполнет со виртуелниот свет и новите технологии.
Тоа да се направи, потребно е секогаш да се стави Христос во центарот на своето постоење; потребно е да се дозволи да не обликува Божјото Слово, кое просветлува, усмерува и поддржува; потребен е мисионерски дух со постојана молитва – рече папата Фрањо, истакнувајќи ја уште и важноста на духовното братство, потсетувајќи дека знакот на Исусовите ученици е љубовта која ја имаат едни за други.
Тоа сепак бара сериозна формација, која ги прави способни отворено и со разбирање да ги слушаат оние кои бараат морална и човечка поддршка; и овозможува да се протолкуваат околностите во кои работите, за да може пораката од евангелието да се инкултурира – рече Папата. За сите бидете мисионери на надежта и радоста, сведочејќи ја вредноста на вашиот салезијански идентитет, особено на подрачјето на средби. Средбата е сеуште свеж животен извор од кој можете да црпите љубов која ја оживува посветеноста на Бога и на младите.
Според зборовите на Папата, посветениот живот во срцето на Црквата е исто така и одлучувачки елемент на нивната мисија, при што посебен допринос дава сведочењето со животот кој потполно е даруван на Бога и браќата. Тоа нека биде посветеност и за секоја од вас и целата ваша конгрегација – им порача на крајот Светиот Отец, поделувајќи им апостолски благослов.
РВ/З.А.